Ху ха ха! не не знам како се викаше мисли Мерт или Морт но главна финта е што постојано го мачи тој зафркнат уд поголем и од оној на стариот Рахаб гледаш - што прави со него? не знам мислам го замотува околу ногата или го префрла преку рамото или такво нешто божеее! каков проблем е тоа! ете се обложувам дека скинал повеќе јадни девојчишта отколку што моево црвче ги наденало! еднаш тој дури - слушај! 112 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Некои ќе ги наденат, некои ќе ги остават улогави.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потем логотетот се созеде и почна со зборови најгнасни да фрла по сите нас, освен по Лествичникот; рече дека ќе нѐ распушти, дека ќе нѐ прогони од царството, дека имињата ќе ни одземе, прав и пепел дека ќе нѐ стори, дека за опашки од единаесет коњи ќе нѐ врзе и ќе нѐ влече сѐ додека трае животот на коњот, дека главите наши на кол ќе ги надене и на ѕидините од градот ќе ги истакне, како бајраци на срамот и лицемерието, на неверноста кон себеси, како пример за тоа што ќе ја снајде устата што говори она што не говори душата, и тоа пред тронот владетелски, царски!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ги надена Бојан тие клиси на раженот, стави од другата страна на жарта едно суво дрво, и на него го потпре раженот со сланината.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)