ги (зам.) - надживее (гл.)

Макар што јаничарството траеше пет века како организирана и дисциплинирана формација, башибозуците ги надживеаја јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османското јаничарство кое траеше неполни пет века ги надживеа своите заколнати протагонисти, продолжи да постои како состојба на човечкиот дух и однесувања и во новите времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги надживеав сите добрини и зла и сега небидница мојот грб го ведне.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Е, на! Па сепак можело да се случи таа да најде маж кога тој ќе биде под земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што, на? Фиданка Кукникова има дваесет и седум години и ќе ги надживее и помладите во селото, Е, на! Но тебе, престаренику, на! Разбираш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Метафората треба да се урне Картагина - ги надживеа новите времиња и старите протагонисти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе го отворам прозорецов и ќе им викнам машки дека не сме изохрони, дека ќе ги надживеам и мртов.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„На урнатините на империите, сине. Империите долго живееле, но не ги надживеале различните народи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)