ги (зам.) - намести (гл.)

Врабецот го искина розовиот плик, ги намести на клунот очилата и почна да го чита решението.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
“Еј,” Пикник му довика на Бакстер “ај се тркаме кој прв ќе ги намести.”
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Посакав веднаш да сме дома, да суредуваме со татко ми, да приготвуваме ручек за утредента, потоа да наместиме убаво за вечера, да вечераме, па да ги наместиме креветите за спиење.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Шаторите брзо ги наместија. Еден за докторот и Денко, еден за инженер Александар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога ме виде, Водомар извади од под брадата очила и ги намести на нос.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Зад мене возбудено дишеше куќата од која излегов.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јас не знам што да правам со рацете: кај да ги држам, како да ги наместам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Молчев. Тој ме тресна со целата дланка преку теме, се повлече и ги намести реверите на палтото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Браќата нејзини, меѓутоа, и уште некои го зграпчиле насилникот и му ги наместиле ковчињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така почнало и продолжило кога Онисифор со обетката сакал сосила да му ја одвлече од олтар невестата на имењакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојде дома од работа, ја тресна вратата и продолжи со гласното туширање, потоа ги намести сите потребни артикли за готвење на масата, и сиот свеж, радосен, агресивно намирисан и оптимистички настроен, тргна кон соседната врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Купив нови чаши и ги поставив на кујнската маса; сликите се закачени како што треба и висат под прав агол; витрината ја истуркав во десниот агол од дневната соба и сите украсчиња ги наместив како што стоеја отсекогаш: лулето, кристалното еже, дрвеното кутиче, порцеланскиот свеќник, пепелникот од слонова коска, школките и камчињата што ги донесов од еден одмор...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Потоа отиде до долниот дел од креветот, и ги бакна нејзините стапала, кои лежеа на работ од постелата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отиде до креветот на Клара, се приближи до нејзината глава, ги намести усните како да ќе ја бакне, но таа беше свртена кон ѕидот, а креветот беше превисок, и тој не можеше да стигне до нејзиното лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа ги намести прстите на дупките од кавалчето и почна да свири: „Тири-лили! Тири-лили! Тири-лили!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Скривницата се наполни. Згора убаво ги наместија штиците и ги покрија со земја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Горјан ги намести прстите на устата и трипати искука како кукавица: „Куку-куку! Куку!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И уште еднаш Судбината ќе ги намести своите терезии за пресврти и изненадувања, пристигања и заминувања.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)