Бидејќи системот постепено ги поништува сите свои аксиоми и сите свои институции и постепено ги остварува сите цели на историската и револуционерна левица, оваа е приморана да ги обновува сите механизми на капиталот за да може еден ден да ги освои: од приватната сопственост до малото претпријатие, од армијата до националната величина, од пуританскиот морал до малограѓанската култура, од okno.mk | Margina #8-9 [1994] 17 правдата до универзитетот - сѐ треба да се сочува од она што се губи и исчезнува, од она што самиот систем, во својата суровост, се сложуваме, но и по својот иреверзибилен импулс, го ликвидирал.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ги гледа сликите, ги обновува спомените, животот поминат по кој врвела грубата рака на судбината.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Секако, постои тежнение овој херметичар, овој недофатлив маг, таинствен мислител кој ги обнови јазикот и мислата тргнувајќи од техниката, да се означи како манирист.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Од чардакот на нашата стара куќа, која во последните години со жена ми Агна ја услагодивме за живот - го подредивме чардакот, ги сменивме диреците и веќе скапаните штици на подот, ги обновивме искривените рамки на прозорците, ги варосавме бело собите, ги урнавме, со голема тага, гнездата на ластовиците, ставивме тешка спорогоречка печка за топлење зимата, го проветривме тешкиот метален сандак кој го имаше задржано мирисот од пред седумдесет години кога бил донесен од Америка - гледам како се спушта пределот кон долината од чии млаки се креваат пасма пареа кон небото.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Претресувајќи го искуството на овој век, тој се обидува да ги обнови пресечените врски со класичната мисла.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во Лондон Тито беше примен од Кралицата Елизабета II и од премиерот Винстон Черчил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
По посетата на Велика Британија Тито ќе продолжи да ги обновува пријателските односи со Западниот блок, а потоа ќе ги посети и балканските земји Турција и Грција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Налактени и со брадите втиснати во вкрстените дланки, замислени скитаат и дали сега, совладани со молкот, одново во мислите ги обновуваат изодените патеки, дали го одмотуваат клопчето на својата младост одмината во времето – невреме што се истркала низ големата удолница на чие дно се разбија и запустија големите надежи?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И пеејќи така им ја продадоа половина држава На новите руски богаташи кои севезден се мачат Да ги обноват некако соновите за некогашното руско царство На јаве некако не ја бидува работата со обновата на руското царство Оти нели докрај е сотрен коренот на руските царства
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
„Треба да јавиме во Планинарскиот сојуз да ги обноват.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Од чаша во чаша не е баш како од уста на уста ама понекогаш може да ги обнови старите воздишки и да предизвика нови вртоглавици.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)