ги (зам.) - одмори (гл.)

Луѓето испотени од стрмнината и од тежината на ковчегот, повремено го спуштаа на снегот да ги одморат рацете и нозете.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дени, како што реков, дваесетина години била жена на боем, па оваа оставена градина, подобро парче од градина, е некој вид омаж на тоа време; капејќи се во бањата или седејќи во еден од ’рѓосаните столови таа може да ги одмори погледот и умот од забревтаното темпо на негување на онаа другата, големата, официјална градина и од постојаното примање и гостење посетители.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- кога влегуваат во ноќниот бар, во позадината задолжително се врцка полугола танчерка на шипка; - кога гл. јунак поаѓа во решителна задача, без оглед дали тогаш чекори, трча или скокнува во хеликоптер, тој им вели на своите сакани (жена, женска, деца, татко итн): „те сакам“, а тие (понекогаш здружено) одговараат: „и јас тебе“;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
СПИРО: Така е, легач. Градината сама се вади; тешката бунарска кофа има крила, сама лета нагоре; дрвата сами се цепат; ѓубрето само се исфрла на буниште...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А, Параскево, парчиња да се сториш! (По мала пауза.) Ај да си прилегнам малце да си ги одморам коските. (Легнува на миндер.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бараа некаде, кон Дојран можеби, кон Егеј можеби, или уште појужно, незамрзната вода да ги одморат на неа своите уморни крилја, да ги наполнат своите гладни, празни гуши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Почиваа на црвеникавата сончевина, си ги оптегнуваа своите раце за да си ги одморат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Забораваат дека толку многу сакаа да побегнат од онаа заморувачка рамница во која нема ниедна возвишка за да ги одмориш очите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И самата треба да ги одмори старите коски, па се прибира во својата одаја.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се вратија во логорот искиснати, со студ и морници во коските и легнаа да ги одморат преморените нозе.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)