ги (зам.) - очисти (гл.)

Дургутпаша ги очистил костурските и битолски планини, Џавидпаша кичевските, Бахтијарпаша свршил со Крушево и сите тројца се собрале во Прилеп и им ја нашле трагата на водачите од востанието.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Мариово, Мариово. Зар таму нема да ги најдеме? — проговори Дургут и му се испули на Бахтијара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Исцрпувачки празни разговори кои неможат ништо да променат, освен вината што ја труе душава да ја споделам со некој од кого го барам последниот одговор на вистината, ако и постои вистина...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од Битола нѐ испратија во Гостивар и во Тетово, да ги очистиме балистите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, се завршува со трагедијата, таа врвна уметничка форма која совршено ни ги очистува страстите и не прави свесни за нашата мизерија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од градовите се прибираат селаните за да ги дотераат своите куќи и да приберат здравје во чистиот воздух и студената и бистра вода што тече од планинските извори и за да ги очистат и средат надгробните плочи и камења и на своите предци и најблиски да им запалат свеќа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред портата помина старата чистачка, која рано одеше на работа кај богатите соседи: Таа ќе ги очисти нивните простории од сета асобрана нечистотија, ама духовноста ќе мора сами да си ја чистат!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)