Ако цивилизираните земји сакаат да се вратат кон друидските ритуали на бесење или да пијат крв со Ацтеките и да ги појат боговите со човечка крв, тогаш најнапред нека видат што всушност јадат и пијат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Потоа дотераа еден „наивен" кираџија што носел ориз од Штип и Кочани, кој исто така не се вратил назад во одајата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Разбраа дека го обесиле на ат пазар во Битола баш до шадрванот, каде што пазарџиите си ги појат добиците вода.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И кога никој не го очекуваше тоа, чичко Никола ја запре колата среде реката, божем да ги пои воловите, а потоа наеднаш се сврте и силно извика: - Марш бре, магариња! - и замавна со пратот.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
- Само нека ги пои жедните како што нас нè напои Мирчовата чешма.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Угрозата страшна над глави им стои, и турската сила во обрач ги стега, но гордите момци дух светол ги пои, и никој ни чекор да отстапи сега.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Биле десетмина со кубури и со пушки, другите ги поеле говедата на безимен поток.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Луѓето, стиснати меѓу чуки и суводолици, се поставувале зад камења и зад џунки со искуство на војувачи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тој свечен чин на неможното, кога дури и кобниците ги забораваат проколнувањата со кои се родиле и со кои ќе умрат премногу изморени за да прослават еднаш во животот и благослов, во водите престануваат вражбите: над дебел опаш на видра се смирува рој бели рибички, водените полвови со очи ја пијат ѕвездената светлост: потоците ги појат разбудените коренчиња на дуњите и сливите, жугаат од нив сончогледи и пченки, и уште подалеку,
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И така направија. Продадоа што имаше за продавање уште со растоварањето и младиот Митре ги подобра магарињата пред стап: – Ке ги појам вода – му рече на еден минувач што се пошегува и го праша каде ќе ги тера толку магариња.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Реките на кои ги поел.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А јас ја пројавав само онаа равница помеѓу Царицин и Ростов.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таму ги поеја жедните животни, а потоа ќе се расположеа по ливадите, се бркаа и се бореа, а понекои од нив ги прикажуваа своите вештини во јавањето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Пеаните ги појат во заднина... та нивниот писок небото го сече...
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
- Само нека ги пои жедните како што нас нѐ напои Мирчовата чешма.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)