ги (зам.) - посади (гл.)

И ги посадивме на јуријата, под куќа. Сета јурија ја исполнивме дури до реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Подоцна ги посадив, беше крајот на април и, кон крајот од мај, дојдоа првите цветчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога ќе ги посадам јагодите, ќе треба вода што ќе морам да ја влечам дури од едно кладенче близу до реката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во градот во кој пораснавме и ги посадивме засекогаш корените на животот, вистинските големи снегови исчезнаа засекогаш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Брезите што ги посадивме пролетта пред да заминеш, одамна ја надвишуваат куќата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И почнува веќе да зборува: „магарешките сливи магаре ги посадило, може од голушката на магарешки измет никнале“ , зборува и веќе не знае што зборува, се губи човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)