Пред да ги почне овие песнички ги фати зетот и невестата за малите прстиња, за нив се фатија деверот и старисватот и заедно со него почнаа да се вртат околу бурилото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Им поставија старешини и заедно со нив ги почнаа првите часови на подготовките за тоа што од денес па натаму ќе ги чека.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Исто така во врска со ова познанство, ако не и уште позначајно и пресудно е тримесечното Дишаново патување во Минхен, летото 1912 година.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тоа беше периодот кога тој ги почна своите истражувања за “Невестата и додворувачите” - тема што ќе го преокупира следните 15, 16 години. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 107
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
- Оставете ме на мира, викаше тој, сплеткан во своите пресметки и принуден сѐ одново и одново да ги почнува.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
* Гемиџиите кон средината на април биле наполно готови. Но тие не сакале да ги почнат атентатите без претходно за тоа да ја предупредат Организацијата, па дури и самиот Гарванов.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Моето неспокојство и нестрпливоста растеа, зашто „нашата среда” со тоа нејзино патување уште повеќе се одлагаше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка ми кон крајот на април ги почна вообичаените подготовки за своето патување во Кан, каде што на филмскиот фестивал службено одеше веќе осум години по ред.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Миха ги почна студиите без ентузијазам, како нешто што не се сака но се мора, но набрзо увиде дека и овде сè му појде од рака, освен што не можеше да свикне не толку на глетката колку на реата во мртовечницата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но никако не може да ги почне имињата одназад. Тоа му е многу тешко.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Згора на тоа, роковите што ми беа потребни за да видам колку се бесмислени, стануваа се пократки.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Денес знам дека некои работи погрешно ги почнав.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)