ги (зам.) - прегази (гл.)

Од сртот, од Плоштина, до водата се стигнува по едночудо разгазени патичиња, а од населбата во Потковицата само по едно кое е добро натратено и кое, откако ќе ги прегази Мала Вода и Голема Вода, се издвојуваа од Градишки Пат и низ Деркова Дрма трага право пругоре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Натаму оди низ полето и откако ќе ги прегази Мала Вода и Голема Вода, се завкачува во Градишки Рид.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога излезе неговото височество „ФИЌО“, Телевизорот „Мајор 67“ и домашниот телефон покриен со плетено миленце со една игла, поставен во претсобје врз сандачето за чевли. Тука скопјаништата ги прегазија дојденците.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одамна се мртви тие денови на младоста, но мене и понатаму срцето ме влече кон Пребег последното прибежиште на старите спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Водениците ги прегази времето и „Бабамов, Грличката, Аврамико и комп.“ кога ја изградија Мелницата и луштилницана за ориз, и тоа среде полето, кај Пребачево.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не паметам точно кој, веројатно некоја од тетките имаше речено дека сум се родил во воденицата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури потоа мајка ми се преселила долу, в Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сум ги прегазил тукуречи сите наши планини, Пандо, ама толку многу јаново цвеќе на друго место не сум видел.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И од тоа пукање паднаа и пропиштеа неколкумина, но толпата однапред ги прегази во темницата и нурна напред, каде што веќе поп Јаков со Трајка Сирмев, сина му на овега Јована, зета му Стојана, ќерка му Анѓа, снаата му Сирма, Ристета Најдов од Градешница, Волче Паленза од Полчишта и други поглавни и похрабри борци веќе вртеа лево-десно со јатаганите да направат премин.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)