ги (зам.) - предводи (гл.)

Но сѐ друго, како она дека бил оженет со некоја Митра, дека ги предводел побунетите славјански селани против византиските и солунските господари, и дека токму тој, односно, ја основал населбата во Потковицата и бил првородственик на Акиноските, си противречи со сѐ што досега знае историјата за Григорие Акиндин: „...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За него се знае дека бил прилепчанец и дека ги предводел зилотите против исихистите, против исусовиците на Григорие Палама, на него упатува и името на стопаните на Имотот, Акиноци, за кое може да се претпостави дека откако се ослободило од грцизираната форма - Акиндин, по пат на скратување и со испаѓање на интервикалното в - за кое, пак, денешнава македонска јазична наука смета дека било наложено од бугарските, односно од српските презимиња: Акин-ДОВ, Акин-НОВИЌ, ја добило денешнава чисто македонска форма Акин-ОСКИ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По него (по Варлаам) во Византија се појавил неговиот ученик Григориј Акиндин, кој иако јавно кажал дека не се сложува со Варллаам, трудовите го прикажуваат како апсолутен негов приврзеник и истомисленик.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Четниците, засолнати зад карпите можеа веќе да ги забележат претстражите од потерата како се вовираат низ честарот, собрани во групички по три четворица, но држејќи врски меѓу себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Манол Розов, Коле Пешковчето, и самиот Толе со неговите арамии доброволно се јавија да ги предводат бомбашите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Се слуша дека овие страшни, неизлечиви епидемии се негово масло, дека крвавите наезди на источните фанатици ги предводи лично тој, престорен во белобрад старец со огнен поглед или во генерал со наежени мустаќи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Соединетите Американски Држави неспорно ги предводат другите делови на светот во култот dummy-изам”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пцетата им го пресекоа патот. Ги предводеше напуштен поентар на три нозе. Не лаеја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА И ОСМАНЛИИТЕ
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ваквите акции ги предводеле Јордан Хаџи Константинов Џинот, браќата Миладинови, Прличев, Димитар Беровски и др. личности, но масовни акции презел и народот во Охрид, Прилеп, Крушево.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ми се допаѓа она што Хајдегер го вели, дека науката не треба да биде далеку од филозофијата, но филозофијата, напротив, треба да стреми да ги предводи науките.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вчера, се беше затскриено зад други бои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем ваквите состојби, што ги предводи тагата и вознемиреноста, немаат дестинација, не знаат од каде доаѓаат, ниту пак каде и кога треба да запрат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Хор Египќани, кој си го бодри јунакот кон победа, извикува „Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И не само што Аида е жена, таа е и принцеза и робинка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така, насловната улога во Вердиевата опера ја пее жена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поточно, таа е етиописка робинка, пленица во Египет, која, всушност, му е ќерка на етиопскиот крал и која штотуку ѝ се придружила на цела толпа помамени, војножелни Египќани што на својот војсководец – кој, всушност, потајно ѝ е љубовник – му посакуваат успех во претстојната битка против Етиопјаните, кои ги предводи татко ѝ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една оди напред, ги предводи сите тие многу жени што изгледаат како на гробишта да одат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но Керадер беше оној што секогаш ги предводи, и иако другите лица се менуваа, Керадер секогаш се наоѓаше меѓу нив.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)