ги (зам.) - прогони (гл.)

Особено страдаа француските колонијални војници. Лошо обучени, или направо жртвувани од француската команда, тие ќе јурнеа право пругоре кон окопиште, а таму Бугарите на нож ги дочекуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првин бугарските, во есента во 1915-та, а потоа и германските војски, енергични, откако ги прогонија Србите од Потковицата, веднаш ги зазедоа и Чауле и сите стратешки позиции, а падините на ридиштата, и горе над шумата и долу под шумата, ги ишараа со окопи, направија, замјанка и чекаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога после, при крајот на војната, српските војски, здружени со француските, се обидоа да ги прогонат, тие цело лето, целата есен и целата таа зима куртулуваа од пешадиските, артилериските и авионските напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше тоа наредникот Десимир Пенезиќ, наочит и единствен тој од сите други војници неупреклив со жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете тогаш, кога Потковицата беше завојувана од Србите, кога од страна на Началството постоеше заповед никој да не се добира до војниците, да не им прави услуги и да не прима услуги од нив, кога отворено се зборуваше дека божемните сојузници се полоши и од Туците и дека се токмат тие да ги заменат нив ( во Потковицата сеедно и сеедно пристигаа гласови од сите краишта на Македонија дека новите завојувачи ги прогонуваат и ги убиваат нашите учители и свештеници,дека ги ограбуваат и ги палат нашите села и светилишта) кога се изјаловија нивните надежи дека Македонија, по победата на Сојузниците над Турците, ќе добие своја автономија и ќе стане држава каква што станаа тие, Србија, Бугарија и Грција, кога сите беа обземени од очај дека ќе останат без татковина, при крајот на Првното србско, во летото 1915-та, се случи една од чупите Јанчески, Благуна Василичина, да се измами по еден од војниците сместени во поранешното училиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој не разговарал за ништо друго освен за принципите на Ангсоцот и немал друга цел во животот освен да го победи евразискиот непријател и да ги прогонува шпионите, саботерите, мислопрестапниците и предавниците воопшто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И шпанските муслимани биле насилно преобраќани во католици: тоа е историјата на мориските (les morisques), додека триста илјади муслимани во почетокот на XVII век биле прогонети од Шпанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Шпанската историја ја проучуваше пред да замине со доброволните антифашистички бригади, но и ги почувствува нејзините најтрагични моменти и затоа тој се надоврза на Татковото кажување: Волјата за религиозна христијанска унификација ќе се почувствува по крајот на муслиманска Шпанија, кога во 1492 година, католичките кралеви, стигнувајќи во Гранада, ќе ги прогонуваат Евреите, со исклучок на тие што ќе го прифатат преобраќањето во христијанството. Тоа е историјата на мараните.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овој Исус ноќе `рзнува и ги прогони соседите. Затоа и не е Исус од мајка гулабица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Шишето станува пештера со остри рабови што ги параат и дерат нејзините мускули, населена со заканувачки оддеци и сенки коишто, за возврат, таа самата ги прогонува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И затоа Стојан не ги прогонува.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тие со помош на османлиската власт за-почнале да ги прогонуваат македонските првенци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сознанијата за дејствувањето на обете туѓи христијански цркви сред населението будело уште поголема омраза и настојување да се омаловажи и задуши нивното постоење и работа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тој вршел силен притосок врз бугарската влада и ѝ сугерирал што построго да ја држи затворена бугарско-турската граница и да ги прогонува македонските револицонери.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Педесетина војници Албанци, вооружени само со штикови, поделени во 5-6 групи, а водени од фанатизирани граѓани од турската средина, под изговор дека и помагаат на војската што ги прогонува егзархистите и ги претресува нивните куќи, се нафрлиле врз затворените анови и кафеани во населбата “Вардар“, пљачкајќи сè што ќе најдат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Иако тој не растрчуваше повеќе, иако не ги прогонеше со препрашувањата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Василиј го разурнал опкопот, напуштен од неговите бранители и продолжил да ги прогонува бегалците; имало многу убиени, а уште повеќе заробени.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Рамката на приказната што послужила за подлога на варијациите е следнава: јунакот, „напатен човек” се вплеткува во тајна шпионска дејност (го заменуваат со вис­тинскиот шпион, шпионот во неволја му предава некаков таен документ, непредвидливо му раскажува за некаква случка и т.н.) и неправедно е обвинет за противдржавно, односно за крими­нално дејствие; освен тоа, јунакот располага со некои податоци каде да се бараат вистинските виновници (во „39 скалила” јунакот знае дека водачот на шпионската мрежа живее некаде во Шкотска, на село и му недостига делче на малиот прст на десната рака), бега и самиот се впушта во лов по него; така, јунакот се наоѓа во положба на „прогонет прогонувач”, полицијата му е постојано на трага додека самиот ги прогонува виновниците; на патот што, според правилата, го води до другиот крај на државата, го очекуваат безбројни ексцентрични настани меѓу кои особено се истакнува настанот, по кој тој се сврзува со убавата девојка која на почеток не сака да му помогне и сака да го предаде на полицијата; подоцна таа се нафаќа да му помага; случката завршува така што злосторниците се откриени, јунакот е ослободен од вината и започнува да живее со девојката.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се будеа во најглува ноќ, од сонот и, како некој да ги прогонува, бегаа, се искриваа ио домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чиниш во домот влегол некој лош ветар, удрил по децата, ги прогонува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)