ги (зам.) - продолжи (гл.)

Кога згасна и нејзиниот живот, во шепотот на тишината на Татковите книги, според непишаниот морален тестамент, мене ми преостануваше да го зачувам и да го дотолкувам распоредот на овие книги, да ги продолжам имагинарните битки кои секогаш започнуваа и завршуваа во оваа библиотека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сакав да ги продолжам, како и неговиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Петровски беше исто студент, но не ги продолжи студиите, го зедоа право в затвор, а после го интернираа некаде во Бугарија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Други од македонските наречја се поблиски до српскиот јазик, ќе ги продолжат своите приговори нашите противници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татко продолжи да живее со тој сон во него уште кога сонуваше во родниот Поградец да се најде во Цариград, кај светот на мајкините роднини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Али Фети, држејќи ја запалената пура, во еден миг му се обрати неочекувано на својот внук, оддалечувајќи се од претходната тема, која оставаше да ја продолжи во некоја друга средба: Ти, синко, бездруго имаш свои планови, да ги продолжиш студиите во Цариград?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги продолжија расправите како на бојно поле на двата јазика.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ги продолжи своите правни студии на Правниот факултет на Цариградскиот универзитет на големо задоволство и на Фети Окјар, кој и покрај големите државнички функции и презафатеност, секогаш наоѓаше време да се сретне со Татко, да го следи текот на неговите студии, но повеќе никогаш не го прашуваше за неговото конечно останување во Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие три збора во еден момент Круме Волнаровски ги продолжи во „така сакаше Шефот“ (или така можеби мене ми се причини), но веројатноста дека јас тоа навистина го слушнав беше голема затоа што често, во отсуство на цврст факт во кажувањето (си го толкувам тоа како професионална деформација) ние го спомнувавме Шефот непосредно слушнат во наложувањето на обврските, иако никој од нас не можеше да биде блиску до него, а уште помалку близок со него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вистина, таа кратко замолча и ги продолжи истите реченици, кои постмодерно се кршеа и составуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но така е до разденувањето, а штом ќе се развидели, луѓето продолжуваат со лопатите да го чистат снегот, да отвораат нови премини или да ги продолжуваат оние патеки што ги оставиле вчера или кои новиот снег ги зарамнил; се собираат на широкиот пат крај езерото и зборуваат за сè и сешто, а најмногу за мобилизацијата, за своите најблиски од кои немаат никаков глас и за кои не знаат каде ќе ги истават коските...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Чана не седнува на столица, туку своето големо тело го спушта врз сламарникот на еден од креветите, ги продолжува зборовите на Пелагија, малку како на шега Ми как Пено ним да сваљкате ошче адночко оти било широчко! и гррр удира во смеа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој ги продолжува татковите илузии, во соочувањето со новите налети на балканската историја во двете последни декади на XX век, кога пишувајќи трага по патот на враќањето од егзил, односно пристанува во дотогаш земјата без враќање Албанија, по падот на сталинизмот и енверизмот, односно последниот бастион на комунизмот на Балканот и во Европа, го остварува сонуваното враќање, како почесен граѓанин на родниот Подградец, на брегот на Охридското Езеро, во Албанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веруваше дека и семејството ќе ги продолжи дните во стариот спокој.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Третиот брат го привршуваше средното медицинско училиште и постоеја добри материјални услови во семеј­ството, подоцна, тој да ги продолжи медицинските студии.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И Сестрите на св. Пол де Венсан посакуваа, на време­то, нивната умна штитеничка, малата Ервехе, да си ги продолжи студиите во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Штом Мајка се појави во собата, Татко нестрпливо ѝ се обрати: – Синов, мила, решил да замине во Франција, да ги продолжи студиите...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)