ги (зам.) - разбира (гл.)

Последниов чин тешко може да се легализира со фактот што самиот Пикасо ги разбира своите сопствени слики како збир на деструкции.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа е така можеби затоа што луѓето од медиумите ги разбираат шеесеттите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да се сонува да се уништи Пикасовата „Guernica“ (1937), како во случајот на Antonio Saura, кој сакаше со нож „да направи вагини во проколнатото сликарско платно“ или како што направи Tony Shafraci во 1974 година испишувајќи ги со спреј преку целата слика, зборовите „Убиј ги сите лаги“ се, исто така, две различни работи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Многумина од оние кои што добиле простор во медиумите како коментатори или претставници на пост-Е генерацијата, се или стари шеесетти-типови (како Фрејзер Кларк) или луѓе кои ја фураат визијата на шеесеттите (како Колин Ангус од Шејмен).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Навидум изгледа дека премногу невешто се обидуваме да го откриеме светот и неговите мистерии, но длабоко во нас совршено ги разбираме појавите и нивните законитости, точно онака, како некој скриен учител, да нѐ води со фенер во црна ноќ, низ безредието на мачното секојдневие, покажувајќи ни ја вистинската насока на патот, дури и во најтешките безизлезни мигови.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Прво, без учени зборови од Латинска Македонија, кои ретко кој ги разбира.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тие силно викаат. Не ги разбира што сакаат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Главниот инженер, проектант на објектот, наведнат над своите планови како над кори од зелник под сукалото на голите раце, кои не ги разбираше никој жив не од градилиштето туку ни од штабот, со својата глувчеста муцка и проретчено теме - по ништо не беше фотогеничен, а и никој не инсистираше да го снима.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дваесет и две години Бојана ги гледаше тие букви што не ги разбираше, но, гледајќи ги, чувствуваше дека ги напишала рака толку скапа за неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Селските работи јас не ги разбирам. А за гората, само прашај ме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И пилците ги разбирам, и бубалките, и мравките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не ги разбирам тие проклети игри, крвави, игри на очај и болка кои едни на други си ги нанесуваме.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ви ја кажувам оваа историја, за да сфатите, о бедни, за какви подвизи се подготвуваше отец Стефан, откако сочини букви едноставни, што ги разбира и логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зениците му беа ненормално широки... [а] во нив имаше некој стаклест сјај [итн.].241 Како класичниот инвертит од медицинскиот дискурс во деветнаесеттиот век, според неговиот прочуен, сатиричен портрет од Мишел Фуко, Пол од тмурниот опис на Катер излегува како „лик – минато, историја на случај и детство, облик на живот; и морфологија, со индискретна анатомија и можеби со мистериозна физиологија“ (тука зборува Фуко, а не Катер).242
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Конкретно, Пол е женскав, хистеричен гиздавец. Зависник е од театар и од музика, иако уметностите не ги разбира вистински; без разлика, склон е кон „необичен занес“ од средовечни сопрани, особено кога се овенчани со круни и кога ги окружува ореол на слава (120).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
-Што има тука смешно, не ги разбирам? –отсече Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Си мислеше колку малку научил во досегашниот живот. Ги разбираше само минливите работи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сексуалноста навистина е слобода, слобода од која се плаши општеството затоа што ослободувањето на таа сила може да ги сруши хиерархиите и системите кои го поддржуваат, а со тоа ќе се распадне и самото општество онакво какво што е денес.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А кога вулгарноста на Густав стана толку неиздржлива што пријателките на Берта се извинија што мора да заминат и бргу излегоа од салонот, Клара го прекина својот брат и рече: „Брат ми е во право кога вели дека сексуалноста е пат кон ослободување, но тој погрешно ги разбира и сексуалноста и слободата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во устата и на јазикот чувствувам вкус на некакви зборови и думи кои не се мои и не ги разбирам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Жените најдобро ги разбираат децата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ели, верував, не ги разбираше сосема сите тие работи, но бидејќи и таа беше нажалена сфаќав дека, сепак, и таа доживува заедно со нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додадете кон тоа дека српската надворешна политика е установена, како и тоа дека имаат тие и цел ред други, освен споменатите дипломати, и ќе разберете зошто ракополагањето на Фирмилијана е победа на српската дипломатија и пораз на бугарската; победа добиена со свои, т.е. српски сили, а не нешто наврзано од Русите; поразот пак на Бугарите е резултат на немањето бугарски дипломати што да ги разбираат бугарските интереси и да ги заштитуваат со авторитет и знаење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ајде, бугарските попови ги разбиравме, ама грчките - ниту збор. И едните и другите ветуваа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Додека се движат горе-долу, лево-десно, нешто си зборуваат, ту малку гласно, ту малку повеќе гласно, ништо не ги разбирам, ама си велам „нека, тие сигурно си зборуваат на ’нашки’, па кажаното не им оди на празно“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На пример: повеќе никој нема да сака да распишува избори оти никој нема да сака да гласа за оние што ги разбира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да се протераат во земјите чиишто јазици и драматурзи ги разбираат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Не знам точно. Премлад ли сум да ги разбирам вашите закони?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Останал да лежи мешечки заштитен со трепетливи сенки и разбудени грмушки и да ги слуша, по еден миг или по една вечност, нивните гласови, нејзиниот натопен со горчлив прекор и солзлив во грлото но без каење, неговиот влакнесто рапав, оправдувачки, премногу тврд за да утеши или да објасни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Можеби триесет и шест, можеби триесет и седум, се изненадил од прашањето Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин не ги разбирал. Во него несовладливо бучела крвта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ноќ Змејко чу многу работи за луѓето. Тој ги разбираше сите тие работи за луѓето, но тие некако многу тешко можеа да станат негови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Направив неколку електрични модели што се многу близу до она како јас ги разбирам...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Понекогаш, во својата нежност, старецот премногу го ценеше животното верувајќи дека тоа му ги разбира зборовите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Прости ми, Велико, ми вели Дуко Вендија, ама ти не ги разбираш тие работи. Тие не се само за тебе дојдени, вели, и затоа позасолни се!...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почнале и некои нивни песни да пеат. Шантара, пантара, ништо не ги разбираш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Повеќе слушај, Дуко, му велам, а помалку зборувај. Не прашувај за работи што не ги разбираш, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Власта не ги разбира осамните луѓе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И понекогаш, во својата нежност, старецот премногу го ценеше животното верувајќи дека тоа му ги разбира зборовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Почнав да ги разбирам многуте забелешки на пациентите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Посебно младите треба да научат нештата да не ги разбираат пресериозно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
LI Влегувањето на Татко и Камилски во нивните библиотеки означуваше враќање во тишината којашто најдобро ја разбираа и ги разбираше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во осамата и тишината на нивните книги имаа чувство дека допираа до суштинското на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дали елиминацијата на опасните балкански турцизми, како што ги разбираше, ќе влијаеше врз воспитувањето на идните генерации, или тие ќе завршеа како обични јазични анахронизми кои луѓето ги напуштиле?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа не ги разбираше моите дипломатски победи, ниту мојата дипломатска мисија, претпоставувајќи дека мојата преусилена смелост и амбициозност може да ја доведе во прашање среќата на нашите деца.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Почна да се вежба во злостоп. Си постави претпоставки како „Партијата вели дека земјата е рамна“ и „Партијата вели дека мразот е потежок од водата“ и почна да тренира да не ги забележува и да не ги разбира аргументите што го докажуваа спротивното.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но сепак признај, да држиш библија во свои раце, па макар и да не ги разбираш зборовите во неа, е голема работа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На ибн Бајко му беше чудно петпати на ден да се паѓа на коленици, да се клањаш каде и да си, но срчноста на ќајата и неговата дозвола да го гледа, го правеа не само посветен, туку дури и со некаков изострен осет за работите што не ги разбира.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го почестуваа, зборуваа со него. Иако на македонски, тој како по некое чудо, брзо почна да ги разбира.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко не ги разбираше зборовите на песната, но силно ги чувствуваше пораките на чистата и тажна убавина, носталгичниот и меланхоличен пев, низ ритмот што супериорно ја освојуваше тишината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Такви заверки не им се даваат само на Словените Ами на сите кои отшто си ги вардат сопствените образи Ѓоа не ги разбираат потребите на новото време
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И покрај сѐ, повеќе децении, Мајка убаво ги разбираше Татковите резерви за враќањето кои беа и од политичка природа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се разбира немав причина да не им верувам на моите уши, затоа и не ја отворив вратата и не го повикав стражарот и тој да се увери дека шепотењето не доаѓа некаде од длабочините на моето вообразување туку дека е вистинито.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури ми се чинеше и дека ги разбирам нејзините зборови бидејќи пристигнуваа прилично читливи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, од друга страна, некој може насилството и деструкцијата да ги разбира како начин на комуникација со другите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во таа програма исто така читаме дека чо­векот мора да почне да ги разбира животните не како не-антропоморфно Друго, туку како свое алтер- его.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Создавам зборови што не ги разбирам, па сепак некако ги разбирам. Го истражувам воздухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така, Нумо, тешкото и несреќата ги разбираат и правдата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во Перт има еден Преспанец кој како и сите добри домаќини си направил куќа чардаклија за од чардак севезден да ги пули ѕвездите како низ трепети му испраќаат ишарети од родниот крај што само тој ги разбира.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ги разбирам мислите на твоето срце, оти си чедо на мојот драг син Добре, најдобриот човек на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Машината секако не ги разбира нејзините влезни податоци во која и да е разумна смисла на зборот „разбира”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Довршувањето на таа работа секогаш ќе мора да ги зема предвид и одново да ги разбира не само конкретните уметнички остварувања, туку и текстовите што овој уметник ги оставил зад себе.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но бидејќи често не ги разбирам научните прилози од областа на правото, ми се случува, читајќи, да си го поставам прашањето: дали новите перспективи кои се наѕираат во меѓународното право би можеле да бидат од таква природа што би му овозможиле своевремено на вашиот татко да замисли извесни подобрувања на положбата на балканските народи?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие ги разбирате овие валери и нијанси, како искусен набљудувач на животот? (Јаков ја поведува Кристина во нем валцер. Пауза. Во салонот влегува Нове, облечен во накитена полициска униформа.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОРИС: Некои работи не ги разбираш, а не смеам да чекам полека да ти се разјаснуваат. Ќе се упропастиш. Немам време да чекам да пораснеш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Меѓувреме му се случуваа необјасниви работи. Чиниш провидението му даваше некакви знаци што тој не ги разбираше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зборовите: општество и пролетерска револуција тешко ги разбираше, ама се чини дека токмy во тоа неразбирање и несфаќање се криеше некаква таинствена моќ од која извираше убедувањето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зборовите не ги разбираа, ама одушевени беа од гласот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таква беше горката судбина на нашето семејство на двете страни од границата: едни знаењето на туѓите јазици ги спасуваше во тешките времиња во животот, други ги завиваше во црно... * Којзнае уште колку во мислите ќе трагав по сликите напластени во свеста од раскажувањата и потрагата по минатото на семејството за татковото враќање од Цари­град во куќата пред мене, за заминувањето и враќањето на мојот чичко од Лондон, враќањето на мојата тетка во Албанија, доколку од занесот не ме извлечеше сеприсут­ниот и едноличен глас на водичот Х.Х.: - Ги разбирам вашите чувства, по 38 години да се најдете пред прагот на родниот дом!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако не ги разбирав што зборуваат, сѐ ми стана јасно дури откако видов дека двајца мажи во моја близина ја дерат кожата од мртвиот алигатор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не се устремуват кон влезот, полека запираат среде двор, или не запираат, туку само побавно чекорат, ја опфаќаат црквата со очите, устите не ги вражат, само дланките што ја држат за рачињата како да се претвораат во усти и тие ѝ пренесуваат некакви сигнали, нешто како зборови што прв ги слуша и не ги разбира.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Единствено бабата Перса, која многу и не ги разбираше разговорите на мајките, сфаќаше што прави песот и по малку како да му завидуваше за толкавата љубов и заштита кон девојчето, но во исто време беше и задоволна, знаејќи дека Дончо никогаш не ќе може докрај да си ја покаже силата пред неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Она што го зборуваше сигурно не го сфатила, ама солзите во очите многу добро ги разбира.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во тој поглед навистина не ги разбирав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа и ме правеше да ги разбирам нивните пакости.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А, татко ми! Да не му ги спомнеш. Му се лоши од нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури тогаш сфатив дека ги разбирам што зборуваат, а мислев дека зборуваат на јазик непознат за мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имам почнато, ама слабо ги разбирам и не можам да ги прочитам докрај.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си ги чува во неговата соба, а јас кришум ги отворам и почнувам да ги читам, но набрзо ги оставам оти ем ги разбирам, ем не ги разбирам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А и не ги разбирам баш тие хороскопски и зодијачки знаци. За нив е махер тетка ми Ана.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа понекогаш многу се гордее со своите текстови, а и брат ми и татко ми ѝ ги фалат, но што можам, не се за мене, или јас не сум за нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)