— Кој е тој непознат човек шо сака да ми помогне? — праша Најдо и се протегна да ги размрда мускулите, да му се раздвижи крвта, бидејќи ете, неколку дена како лежи во темната јама без воздух, без светлина, бетер од оние во прилепскиот затвор и во Катилане во Битола.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Цепепко погледна во сонцето, ги размрда гранките на дрвјето и зачекори по нагорнината кон Крушево.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Братучедите се умеа што прават, дали да станат да ги размрдаат нозете, да се прашаат некако или да не мрдаат ако не сакаат што не им треба и туку тогаш од зад себе го чуја гласот на Љакета како им вели: - Станете ако сакате.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Штом некој ќе фрлеше подебело дрво, тоа ќе ги размрдаше дрвата на кладата и роеви искри ќе сконеа нагоре во мракот, а ние спонтано ќе извикневме на сет глас: - Сурова, сурова, Нова година!
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
И кога ќе почнеше сонцето да излегува од сртот на планината и тој излегуваше од дома, одеше во каменоломот и почнуваше да чука на камењата; по сенката што ја фрлаа камењата, знаеше колку е искачено сонцето, дали е време за ручок, ужина или да отпочине малку, да ги одмори рацете, да ги размрда прстите кои му се згрчуваа и прилепуваа стискајќи го долго глетото, да ги отпушти нозете отрпнати од долго седење или клечење.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Доктор Коста, кога му кажаа каде биле, само малку го збрчка челото и ги размрда мустаците.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кафето ми ги размрда цревата, кои повторно почнаа да брмчат, овојпат подлабоко и поалармантно од преѓе.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Со шамија и со престилка дочекува гости.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Отиде до трпезаријата да ги размрда нозете и да се напие вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Значи, сепак си побарал визи за излез од Австрија,“ му реков на брат ми. „Побарав,“ рече тој.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се обиде со рацете да ги размрда железните прачки на прозорчето, но тие беа цврсто заѕидани во ѕидот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)