Една декемвриска ноќ, додека меланхолично уживаа во пивото „ Гардист“ и снегот кој пополека си паѓаше како на евтина новогодишна разгледница, дваесет години постариот Дејан му ги раскажа на Александар исцрпните биографии на повеќето колеги од секретаријатот. – Алек во животот никогаш не знаеш што ќе ти затреба...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Мајка му ги раскажа последните настани и стигна и до трите сиџили што ги држеше уште в раце, со намера да му ги однесе на Татко.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
*** Ете, добри мои, ви раскажав три грди случки од моето детство. А зошто ви ги раскажав?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Како ги раскажувам соништата и кому
Клошарите со посвета
Предметите по употребата
и мислите, Соблекување или почеток
на разговорот и другите ненапишани песни
одрани налик на волот на Рембрант
крвта остава силен впечаток, нели
има боја, вкус и позадина
нели има свој пулс, своја група, свое месо
станува естетски предмет или вода
потаен жар се
од нив ми гори под нозете.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Би можел дури и да ги раскажам сите наши разговори што ние двајцата сме ги воделе на нашите средби.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дали и тебе истото ти се случува, не знам..
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И, отидовме на Зајачки Рид: газдата на Земанек (многу ме повредуваше тогаш тоа што тој, Земанек, самиот го именуваше не по име, туку како газдата) беше фалбаџија и ние моравме да ги слушаме неговите самопогалби; ни ги раскажа сите трки во кои учествувал и сите свои успеси кај жените по трките.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ана Дамевска Во твоја интерпретација .... сѐ е некако полесно.... треба некогаш да ми ги раскажеш моите проблеми :-)))
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сигурно ќе ви биде забавно ако ви ги раскажам вистинските причини за моето пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)