На влезот во изложбените галерии, Фонд /V/4 (1979), голема минималистичка скулптура составена од 14 правоаголни плочи од влечено олово, железо, бакар, кои беа поставени наспроти еден друг пример на Бојсовото користење на продолжената репетитивна форма: еден збир или „блок” од 25 списоци и цртежи со молив наречени Демократијата пее (1963-75).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Многу американски дела го замислуваат секој слушател како средиште, така што физичките околности на концертот не ја спротивставуваат публиката на изведувачите туку ги распоредуваат изведувачите околу слушателот или помеѓу нив, донесувајќи му секому единствено акустично доживување.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сакаше веднаш, по вечерата, да почне да ги распоредува книгите, да ги реди на рафтовите на својата соба-библиотека која беше поврзана со чардакот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Централата прераснуваше во балканска оракула која ги кажуваше, одредуваше новите жртви, располагајќи со нивните души, ги распоредуваше нивните судбини, располагаше со нивните души трагајќи по нивните тајни во грозоморните истраги.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И така би: цела ноќ чинев од многу – Едно. Голема ука е тоа, о бедни, и никој од вас не може да сфати каква возбуда силна душата ми ја обзеде, каква сладост, кога почнав да ги распоредувам стакленцата од огледалото по редот вистински.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во внатрешноста на галериите, близу до една група од брзи цртежи кои Бојс ги користел како „партитури” okno.mk | Margina #15-16 [1995] 89 за своите перформанси, еден вид монитор го покажува уметникот како бесчујно, скоро ритуално ги распоредува делата околу една галерија во Антверпен, во еден перформанс од шеесеттите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Утредента се будиш во митскиот Џенах, со локалниот евнух-консиерж, кој грижливо ги дочекува и ги распоредува новите шехиди.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)