ги (зам.) - сврзува (гл.)

Нив ги сврзуваат, ги обединуваат спонтаноста на доживувањето на „мотивот“, помнењето и обземеноста со него, и така слеани во едно требаше, тогаш, да го искажат неговото јадро, суштината на опеаниот настан - трагичната смрт на Рацин -, за да се обликува целината на реквиумот, на оваа, условно речено, мала, своевидна поема, на нејзиниот сензибилитет, на поетичката структура и јазик.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Не можеше ни Орде да устои пред тоа чувство, но добродушноста на неговиот потсмешлив однос, што почнуваше да се јавува, беше несомнено потсилена и од онаа врска на кумство што ги сврзува двајцата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Едното значење беше дека не се верни оние зборови што ги изговори тој во стравот, а дека е верно оти нив ги сврзува најчиста љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пискулиев се чуди: „Тч, тч, тч!“ Меѓутоа правата сладост си ја добиваше разговорот меѓу нив кога ќе преминеа на една тема што ги сврзуваше двајцата, на земјоделството.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако Дунав ја дели Романија од Бугарија, тогаш мостот ги сврзува обете земји, па со право го носи името „Мост на пријателството“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сврзници што ќе ги сврзуваат поголемите земји...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Неколку правнуци на првиот живеат во Цариград; по едно мое трагање, занает на кој не сум му дораснат, сега знам дека некои потомци на вториот, отселени во овие чудни времиња на човечки движења од овој крај кон неколку точки на земјината топка, живеат во Австралија и во Канада. тие не знаат едни за други. меѓу нив лежат земји, мориња народи и не ги сврзува ни љубов ни омраза. Ништо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа е специфичен двоен систем, кој во целокупната типологија на системите на писмо се појавува во улога на алка, што ги сврзува доследно силабичкото (да речеме, линеарното Б) и алфабетско (на пример, класичното грчко) писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, феникиското, ханаанејското и арамејското писмо како три основни подвидови на семитскиот систем на писмо настанаа од старосемитскиот, или поточно речено, од протосемитскиот систем на писмо, кој сам по себе претставува консонантно- силабичко писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А М. Ѓурев и тие Чардаклиеви ги сврзуваа значајни денови во минатото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, ги спомна пред руменото Розе и народните пари, што понекогаш му идеа на ум а коишто од одредени причини сѐ почесто ги сврзуваше со успешната кариера на Каламатија и неговото големо богатство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)