ги (зам.) - склопува (гл.)

Патуваме, патуваме... Отпрвин сѐ е интересно и убаво, а потоа очите заболуваат од силно гледање, па некој што нема многу грижи ги склопува очите и дреме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Малиот Бајко небаре стануваше негова ѕвезда вечерница тогаш, и Петре, слушајќи го неговото благо дишење и поткревање на чаршавчето, ги склопуваше очите смирен, најпосле излезен на пронајдениот пат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Утре ќе мислам“ - пак ги склопува очите, а црнилото што беше пред нив додека беа отворени пак си продолжува, но тој знае дека е ноќ, дека е затоа црно, знае дека треба да спие и да не мисли, па набргу пак сè излегува од неговата свест... ...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
(Собата. Попладне. Борис чита весници. Мира пишува. Пауза. Борис ги склопува весниците. Пауза. Зема книга. Почнува да ја чита. Ја остава. Пауза. Гледа во Мира. Пауза.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Дури во вечерните часови кога оди во кујната по својата вечерна доза валеријана, мајка ѝ ги склопува релјефните корици на албумот, затворајќи го, во педантната, можеби и суеверна навика, таа важна збирка на музички спомени и вредности на нејзината ќерка да не остане незаштитена преку ноќта.  Кога мајка ѝ оди на спиење, Агата останува во салонот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Имаше луѓе кои го молеа доктор Гете да ги пушти, барем на неколку минути, да излезат од Гнездо, ги склопуваа рацете и паѓаа на колена пред него, но тој не попушташе, сеедно што некои од оние кои го молеа беа мирољубиви, и никакво зло не би направиле надвор од болницата, ниту пак би побегнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ним доктор Гете им објаснуваше дека одењето в град лошо би влијаело на нивното психичко здравје.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Патуваме, патуваме... Отпрвин сѐ е интересно и убаво, а потоа очите заболуваат од силно гледање, па некој што нема многу грижи ги склопува очите и дреме. На пример Сашо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)