- Добро е тоа, но има еден проблем, ти старецу можеш да си одиш, ама момчево ќе остане со нас да ни ги спаси овците.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Јас сум вдовицата која над челадта свои бдее, па ни коп ме плаши ни болка од кобта, ни пустински ѕвер...та и тој ако ме проголта, жива ќе излезам од него, ке го распарчам одвнатре, децата да си ги спасам...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сега се тие со Чанга, само тој може да ги чува, да ги дочува, да ги спаси од смртта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој и Чанга, и свесно и несвесно, го креваа големиот ѕид околу тврдината со кози за да ги спасат козите и луѓето од претстојните организирани удари на партијата и на власта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
– Надеж постои додека е човек жив – продолжи татко ми. – Размислував, чеда мои, како можеме да ги спасиме Чанга и козите, ако уште има спас.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ковавме семожни планови како да ги спасиме нашите кози, на чело со Сталинка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А јас верувам дека главната идеја што се ослободува од оваа книга е: „Да ги сакаме козите, да ги спасиме нашите кози, нашите пријателки, нашите хранителки”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Речиси секое семејство имаше свој план како да ги спаси козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чанга добро знаеше дека татко ми мисли на Сталин, па затоа еднаш и му рече: „Ако треба до крај да се открие вистината за козите, ќе одам и кај Сталина! Козите морам да ги спасам!“
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сите семејства со кози во Козар маало правеа севозможни планови како да ги спасат козите поединечно и заедно.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сите знаевме дека токму Мила ги спаси децата на учителот од сигурна смрт по смртта на нивната мајка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чокојската власт, се прикажува во Дофтана, не сакала со прсти да мрдне да ги спаси затворениците во времето на земјотресот...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Така стана сведок и на деновите на искушение на архиепископот атински како и на страдањата на атинските Јудејци на кои Блажениот, во обидот да ги спаси, им издаваше лажни сведоштва дека се православни, а во соработка со управникот на полицијата и полициски исправи со грчки православни имиња и со назнаката „православен христијанин” во графата за религиозната припадност што мораше да стои во исправите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На работа дозна дека тој зафат на жртвувањето на Евреите од новите предели, државата мораше да го стори и дека Отечеството тој налог го дава за да ги спаси своите домородни Евреи, двапати повеќе на број.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа гледа во него и почнува да го свири мането од неговата омилена солунска песна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Да летне во Жешов, да го посети гробот на реб Апфелблум, да се сретне со д-р Блумфелд, по можност да му објасни што тоа се случи, одново да разговара со Зимха Зајден и да се обиде да му одговори на неговите нови опрашања што впрочем и него самиот го мачат, да прошета низ Кертнер штрасе во Виена, да ги сретне своите угладени професори од рабинската семинарија и да им каже дека не е виновен за тоа што се случи со неговата паства, дека постапуваше како што тие го учеа, дека не ги лажеше во своите обраќања, туку се обидуваше да ги утеши и да ги спаси од предвременото очајување; потем да оди во Виена при виенското еврејство и високиот слој кој само почна да му се отвора, но на кој всушност никогаш не успеа да му припадне, а потоа да оди во Музикферајн, да влезе во позлатениот необарок на салата, да се намести удобно на седиштето и да слуша; да слуша возвишена музика, созвучја исткаени од занесот и дарбата на Шуберт, на Хајдн, на таа возвишена, на таа рафинирана музика со симфониска исполнетост, на која е воспитуван и на која сега сака сосем да ѝ се врати...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ве молам почитувајте ја таа традиција”*.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И најпрво кога ги фрлија свитоците на клада - по нив се фрлив и јас за да ги спасам.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И кога дојдов до сознание дека зборот стои повисоко од честа и откако погледнаа во моите свитоци рекоа дека тоа не се божји зборови и божја мисла, та на Собирот во Константинопол, 553, ме осудија и фрлија анатема и врз мене и врз моите свитоци.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Валијата и пашата испратија големи потери по бегалците и не знаејќи кој е нивниот војвода, ќе почнат да се распрашуваат кај бабите по селата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не знаеше кој пат да го фати, какви зборови да искаже за да ги пренесе своите добри намери, својата во мисија да ги спаси книгите од уништување, а не да го забрза нивното преземање...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Она малку верување што останува во луѓето, ги спасило списите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тука беше и Татковото судско минато во монархистичка Албанија, адвокатското време, минато во фашизмот, кое, впрочем, парадоксално ги спаси и него и семејството бидејќи тој остана на страната на праведноста.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Цврсто веруваше дека, на овие камени сведоштва, извишени уште во почетоците на Отоманската Империја, коишто, и покрај жестоките војни, палежи и разурнувања, ги спаси меѓусебната толеранција, им се надоврзуваат и значајни пишувани сведоштва.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој си дојде дома, најверојатно од Архивот, по кобниот ден кога ги донесе парите, предвреме, од тие клети сиџили кои, откако тој ги спаси, еве како го заробија неговиот живот, си редеше Мајка семожни мисли.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ги врзуваат високите катарки (тешко се доаѓа до нив) Бродов е само близнак на Ноевиот ковчег За да ги спаси зборовите од грдата луња на злото.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Како да сакаше да ги натера да разберат дека нивната сиромаштија и заостанатост се резултат на нивната малоумност од којашто тој сака да ги спаси.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
На снеможените здравите им посакуваат што поскоро да починат – да се спасат самите и од себе да ги спасат другите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Однекаде изваде лист хартија, и рече: „Еве го списокот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А неговите зборови дека секој човек треба да се труди да има што помалку тегобност на овој свет, во миговите на тегобност кои ги преживувавме моите сестри и јас, ми звучеа како потсмев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Брат ми можеше да заигра фарса – да каже дека ги напишал само имињата на своите деца, своето име и името на сопругата – значи на оние кои му ги посочиле од службите како луѓе кои може да ги стави на список на блиски луѓе кои би ги спасил, па ги навел само тие имиња, само најблиските; можеше да заигра фарса – но тоа не беше негов жанр.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оној февруарски ден 1933 година Зигмунд навистина веруваше во тоа, но веќе беше започната една поинаква низа на настани – дојде нов владетел на Германија и нашите сестри се вратија во Виена; кога новиот германски владетел ја освои и Австрија, брат ми со оние чии животи одлучи да ги спаси замина за Лондон; ние, неговите сестри, бевме депортирани во еден, па во друг логор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во поплавата од баналности, таа го виде чамецот што им беше испратен за да ги спаси од нив самите, онакви какви што беа – огорчени, загорчени, отапени.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Како да бидеме праведни?‘Тогаш ви реков дека во Светото писмо е запишано: ’Праведникот ќе живее преку вера!‘ И уште ви реков дека сите сме грешни и дека нема ниту еден единствен човек што сам по себе е праведен, оти грешни сме се родиле и грешни умираме, та само милоста Божја кон оние што поверувале ќе ги спаси.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Во потопот и вашите болви ќе се издават, претскажувал старецот со вражалски ќесички под очите, едното поголемо од другото како што е поголем потпланински бадем од семка на слива; навистина оние четворица со клокотави грла за малку не умреле од незапирливо смеење, се тркалале по млада трева слични на пеливани што се борат со своите сенки, наеднаш половина дружина да попаѓа од стомачен кикот кога оној Филип Макариев го прашал со детска наивност вториот Нојо што ќе се случи ако нивните болви се удават со него а сите други ако останат во големо корито со неговите болвички, црни и скокливи внучиња со Симон-Наконтикова крв на невидливите цицалки - Ќе се давите и ќе подавате раце да ми се фатите за учкуров, ама - на! завлекол рака в појас Симон Наконтик; капнувале од невидено смеење не знаејќи ги бара ли тој болвите под гаќи да ги стисне в рака и да ги спаси од поројните води што ќе ги покријат и Содома и Гомора на вилаетот или заканувачки сака да им го покаже учкурот за кој со задоцнето јунаштво на машкоста им раскажува нови библиски поглавија; од утробата му 'ртел плач.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Чудно ми е Гавруше, ти прв да стасаш и да ми ги спасиш децата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пролетта довејувала далечен мирис на живот од пасишта, жолтавките не биле далеку.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А ќе ме обвинуваше ли сега да не ги спасев?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Лесен сум на сон и не сум далеку од твојата куќа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Куќата што воздивнува се обиде да ме охрабри: - Веќе претскажав – ти ќе ги спасиш нашите момчаци од јамите во рудникот на Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Камилски почувствува дека разговорот оди видливо на негов терен, на подрачјето на кое се чувствуваше најинформиран, а беше во дослух со генезата на балканското јаничарство, па се надоврза на размислите на Татко: За да се ослободиме од духот на јаничаризмот на Балканот и за да ги спасиме идните генерации, посебно нашите деца, ние треба да ја разбереме неговата генеза, но затоа ќе ни бидат потребни многу време, многу книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ние мораме да ги спасиме нашите јазици, а со тоа и иднината на нашите потомци!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така е, мој Камилски, смислата да го проучуваме духот на јаничарзмот на Балканот е како да ги спасиме нашите деца од неговите последици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Или затоа што страдањето, трпеливоста и тагата, коишто го туркаа овој народ кон работ, му го свртуваа погледот кон нешто друго: кон Херој, оној кој требаше да ги спаси, оној во чиј лик го препознаа младиот умешник...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Амбасадорот Амбасадорот во бабината свест добиваше митска моќ, многу повеќе од таа основната, како висок чиновник на една во друга држава, само затоа што веруваше дека нејзиниот полубрат амбасадорот Али Фетхи Окјар ќе ги спаси нејзините синови, ќерки, семејството. Иднината на нејзиното семејство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Амбасадорот се бори да ги спаси спротивставените земји од војни.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во нејзиното писма одѕвонуваше тишината на нејзината осама, нејзиниот божји долг што си го препишуваше на својот живот како да ги спаси чедата, кои сега ја напуштаа заодени по патот на нивните семејства, а јас се бев оддалечил најмногу, следејќи ја кривата на својата амбиција Колку ли пати пишував многу побезвредни депеши, се внесував целосно во нив, сигурен дека можеби никој нема да ги удостои со вниманието што им го посветував, наместо да ги пишувам одговорите на писмата на мојата мајка, кои беа незаменливи делови живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нејзиното однесување ме потсетуваше на мојата мајка и на односот кон нас, нејзините чеда, која често велеше дека бог ја испратил во животот за да ги спаси своите чеда!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Братството, беше рекол тој, никогаш не се обидува да ги спаси своите членови.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како пустиот јас да ги спасам, кога рацете ми се врзани, а и мојов живот не вреди веќе ништо?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На пазарот за робје ги видов утринава моите три деца и жената, во синџири, во рани, во партали, ги видов јас, ама ме видоа и тие, мил господару, а очите им засветија од радост и надеж дека ќе ги спасам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јас немам деца, ама барем да ги спасам неговите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јас ќе се турчам, само луѓето од сургун да ги спасам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бошко беше среќен, ги откупија неговите три деца и жената, ги спасија од пазариштата на робја на Крит и во Едрене, каде што сигурно ќе ги однесеа, зашто таму цените беа повисоки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Види кај Димитар Клисаровски и Игор Петровски: Што ќе донесат измените во Законот за работни односи? – Лошите работници не ќе може да ги спаси ниту еден синдикат; неделен магазин Капитал, бр. 461 (2008). 15 потег на законодавецот беше направен откако, претходно – во 2006, Уставниот суд ја укина оваа противуставна законска одредба.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Само тоа би можело да ги спаси.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Бедните мајки собираа плунки од јазиците и им ги плукаа на своите мили рожби во устите, колку-толку да им ја ублажат жедта, но и тие немаше од каде да најдат сокови во себе за да ги спасат своите деца.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Нека ги спасат овците летово, на зима – една од тланик, друга на тланик, велеше Трајко Сирмев, готов да ја даде Анѓа за Стојана, а да ја доведе Сирма за Јована. Co тоа сакаше да ја замени тагата на Анѓелета, кого што веќе го прежалаа со мајка му, иако родителскиот жал и тага никогаш не стивнуваа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Барем нив некако да ги спасат да не се затре лозата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Црквите на големите монотеистички религии ги испраќаа своите мисионери, или тие доаѓаа по силата на нивното верување, за да бидат некаква противтежа на војната, да ги спасуваат душите на тие што можеа да ги спасат, а редовите на милосрдните сестри да ги залекуваат раните на настраданите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тие овде сакаа да ги спасат душите, младите души, сирачињата, растргнати од канџите на војната, на пропаста.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ни ги спаси животите, на разминување со смртта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој добро знаеше дека, кога пламна грчко-италијанската војна и се пренесе до нашиот град крај Езерото, дали беше тоа прст на судбината, што ли ќе беше тоа чудо, на Мајка да ѝ оживеат и грчкиот и италијанскиот јазик, да ѝ помогнат да си ги спаси чедата од војната.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Грижата за светите книги ѝ ја остави на Мајка, а таа на секого од тројцата синови им даде да носат по една света книга, кој Библијата, кој Куранот, кој Талмудот, верувајќи дека Бог ќе ги спаси кога ќе ја минуваат границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се созедов, сигурна оти овој пат Бог не беше далеку од мене, па му реков: „Боже, ти ја создаде мојата мајка да ме роди за да ги спасам своите чеда!”
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка, во својата тивка и ненаметлива набожност, си веруваше дека и овој пат Бог ѝ помогнал испраќајќи ги козите да си ги спаси чедата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И, се чини, ова блиско соочување со бранот на војната, уште пред да го оформи своето семејство, беше првото нејзино предвоено крштавање кое сигурно, засекогаш, ќе ја обележи во животот, особено во верувањето дека е родена за да си ги спаси своите чеда.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Целта им била секогаш иста, како да си ги спасат чедата од непредвидливите налети на балканската историја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Имаа судбина на разлики, а фатално се оддалечуваа од нив верувајќи дека определбата кон посебноста, под влијанието на другите, ќе ги спаси, ќе ги одржи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Бидејќи манастирските простории не можеле да ги спасат, луѓето сјурнале во црквата и со своите тела ги штителе иконите и иконостасот да не изгоре.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
За спасувањето на колекцијата најголема заслуга имаше Цветан Горски, кој успеа во годините на фашизмот, со блиските на Игора Лозински, да ги спаси драгоцените експонати и по војната да ги оживее во единствен Музеј во светот и на Балканот. Но, тоа не би лесно.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ни го испрати добрата судба да ги спаси луѓето, но и Езерото со безброј животи во него. Да, го спаси Езерото и од луѓето!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во молитвата Мајка од Бога бараше како и секогаш да ѝ помогне да си ги спаси чедата, овојпат да ја минеме живи и здрави границата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Објаснете ми, како изгледа тој човек што ќе си ја заложи сопствената глава за да ги спаси туѓите животи верувајќи дека на тој начина се спасува себеси?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На снеможените здравите им посакуваат што поскоро да починат - да се спасат самите и од себе да ги спасат другите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А и луѓето го знаеја и го сакаа, зашто не од едно зло ги спасил.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Затоа, впрочем, Севишниот и ги задржал во ,небескиот трибунал да им судат на помалку искусните и грешните ,да ги спасат ако с уште има лек за нивните души!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но, пред ,небескиот трибунал на моите предци јас не смеам да запаѓам во химерични тиради, кои би можеле уште повеќе да ми ја отежнат положбата?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Огромни стада кози од рланинскиот венец на Пиринеите, со смелите козари стиgнувале до изгладнетиот Париз за да ги спасат сиромасите на крвавите барикади!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Овие сцени потсетуваат на свој начин на повоеното Скопје кога во градот доаѓаат селаните со своите кози да ги спасат од глад сиромашните и изнемоштени семејства.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ние добро знаевме дека нивната голема, моќна и долга љубов се остваруваше низ ритмот на нивното заедничко стареење и чувствување на балканскиот трагизам од кој сакаа да ги спасат нивните чеда... *
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)