ги (зам.) - спушти (гл.)

Татко ми, по овие зборови, ја оттргна мислата од книгата, ги спушти очилата и присобра сили да ја смири мајка ми, која не се сеќаваше кога ја видел во ваква расположба, па рече: – За утре ми ветија вреќа брашно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Одвај втасав, Гоце! - рече жената.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Откога виде дека нема никој, се искачи горе по скалите и ги спушти чергите на подот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој скокна на нозе, ги спушти ракавите, ги закопча, вешто го собра сакото од наслонот на столот, ги вовлече рацете во ракавите, дванаесет и триесет - господи боже, и тоа е доволно лошо, но колку стварно е саат?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Ако, учителке, ако, - свикавме сите. Таа само се насмевна и ги спушти клепките.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ама, другар, сте претерале со придавките - сите ви се во трет степен, на латински речено, во суперлатив, сте можеле барем да ги спуштите на првиот степен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Смалаксано ги спушти тој рацете, седна крај пијаното.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога Бојан ги спушти кучињата на земја, Караман навреден, со свиткана опашка се повлече до ѕидот и легна во сламата, а Стрела почна да скока и да ги опира своите предни нозе во градите на момченцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од едно мало кошарче во предниот дел на колибата, Бојан зеде три, четири компири и ги спушти во котлето над огнот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А кога ги спушти ногалките на чардакот, проговори како човек на земја: колку мисли да остане?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со последната страница, со која го поклопи ракописот, Грдан се протегна од долгото седење, но во истиот момент се сепна и ги спушти рацете, зашто пред него веќе стоеше Горда - облечена и дотерана.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не доаѓаше предвид не да мигне туку ни да ги спушти клепките - место сонот, му доаѓаше татко му; не отсутен каков што не можеше да си го замисли ами жив каков што го паметеше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Ќе простите, - рече и ни ги спушти чашите, наденати на прсти како виндузи. - Што да простиме? - се испна Живко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Немаше снага да си ги спушти пердувите и лежеше таму така разбушавена, окото во кое и се отсликуваа мракот и болката доби замаглен поглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И во тој миг и таа ги спушти рацете од мојот врат. И тоа беше сѐ.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите се свртеа со грб, испишаа на листовите што испишаа и потем ги спуштија во кутијата на одлуката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Притоа и не помислив на она длабење на попречната штица во дебелите меса.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја отфрлив чергата од партали и ги спуштив нозете на земјата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тој миг го здогледа бикот Чако, како со спуштена глава му се приближува, покорен пред послушноста, припитомено легна првин на предните нозе, потоа ги спушти наземи и задните и веднаш заспа, папсан од скитањето низ гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Која сте вие?,“ праша. Јас само повторив: „Сакам да поразговараме за Рајнер.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа ги спушти рацете од лицето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Македонци, чеда мои, сакајќи тогаш од душите да ви ги растерам сенишатата на неразбирањето и стравот од бесмислата, неподготвен и збунет, наместо да ви понудам утеха, јас и кај себе ги разбудив демоните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Наместо со разочарување поради неумесниот и празен одговор што му го дадов, тој ме погледна со љубов, со тага и со сочувство, оти во мене го виде истиот сомнеж кој го имаше и тој во душата, па потем ги спушти очите надолу и веќе не ме праша ништо...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Црниот Пандил Димулев клекнал и со дланка му ги спуштил клепките на покојникот, набабрениот јазик никој не можел да му го врати в уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Змијата е како леунките. Ќе ѝ стежне млекото, ќе побрза некого да подои. - Реков - не трескај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа молкна, ги спушти широките дланки врз тесните рамења на Џемал-ага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Момчето ги спушти клепките и песната секна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поарно е сосем да ги спушти капаците и непроѕирната розикава завеса нека го сокрие од натрапливите очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо беше ги спуштил клепките и лицето му изгледаше слепо и мртво.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во едно „ура-ура“ ги донесоа ќебињата и ги спуштија долу на правта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Набилданиот седна покрај базенот и ѝ ги спушти своите депилирани и мускулести нозе во смарагдно – сината вода.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Го испи својот Скоч и ги спушти рамената.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа беше вест што убиваше, вистинско сознание во пијанство пред кое и рамнодушноста запенува и се пропнува како исплашен коњ. „Тој те пцуеше“, чу и се тргна, ги спушти од дланка двете копчиња во празната чаша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најпосле брзо ги спушти панталоните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„На место волно!“ залаја инструкторката, малку одоброволена. Винстон ги спушти рацете покрај телото и ги наполни градите со воздух.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од шантањето на комбето петте девојки првин негодуваа, потоа се кикотеа, а една од нив, онаа што седеше зад Авни, стана, нежно му ги спушти рацете под муцката, го обгрна по вратот и, свивајќи му се над главата, го бакна на челото, велејќи му: “Волим те.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Двајцата ги имаа потпрено лактите на масата, образите ги имаа спуштено во дланките, се гледаа лице в лице, одблизу, и зборуваа сосема тивко: „Јани ми беше сè,“ рече Софија, ги спушти рацете на масата и се врати наназад, потпирајќи се на столот тапациран со зелено кадифе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Вие двете, смрдли светски, чудо сте невидено, вие сте пичка и пол,“ им велеше Андон, а тие се кикотеа и велеа „Ние сме две пички по пичка и пол, а ти си само едно куре,” и пак се кикотеа и, божем да му покажат кои се и што се, се лизнаа една на друга (испотени, тоа го направија лесно), Азра легна на креветот грбечки, Лилица помешечки легна над неа, но од спротивната страна на нејзиното лице ѝ ја пикна главата меѓу нозете и започна да ја лиже, чувствувајќи го истото меѓу своите нозе, подземајќи го тврдото и разиграно јазиче на Азра која, лежејќи под неа пак во најдолниот дел од отворот ѝ ги спушти средниот прст и показалецот до најдлабокото, при што Андон (за да им покаже кој е и што е) беше веќе качен над Лилица, со свиткани коленици по страните и со силен крик на страст заривајќи ја машкоста меѓу нејзиниот широко отворен задник, ѝ го полнеше анусот со сперма, пцуејќи ја, гмечејќи ѝ ги рамениците и гризејќи ја по плешките.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Рибарот во занес ги спушти прстите врз неа, собрани како за светиот чин на крстењето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Никој не обрнуваше внимание на нив, брзаа да си ги симнат работите од вагоните и бараа посуви или поисцедни места за да ги спуштат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мајка ѝ, која иако ситна, без збивтање стигна веднаш зад неа, ги спушти другите работи до нејзината бовча и седна врз нив.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога го симнаа здрвеното тело на дедото Костадин од вагонот со сиот свет во отворените очи, Пелагија се обидуваше да му ги спушти клепките, да му го истисне светот, за да не го закопаат со многу тежина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Под густата сенка на боровата шума ги спуштија носилките...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- ги подигна и ги спушти рамената татко ми, - јас не знам како.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Знам и дека си простивте една на друга засекогаш оти кога ја крена главата и пред да ги спуштиш твоите усни врз нејзините, целата икона на Богородица се осветли од светлината што извираше од твоите очи! Сите жени се потргнаа, а и јас со Пеличка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)