И реши, на крајот, потпирајќи се врз француски архивски прирачници со позитивистичка ориентација, сиџилите да ги средува според хронолошкиот критериум, почнувајќи од далечната 1600 година па сѐ до 1912.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кусев и првенците исто го мислеле но не сакале да му јамчат; Првин, рекле, да си ја уредиме во целина црквата, а потоа ќе ги средуваме внатрешните работи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Вие сте духот на logos-от.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше, ги средуваше и со голем страв ги допираше оние меѓу нив низ кои се насетуваше беспризорно мрачната боја на крајот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Чекајќи го Камилски, започна да ги средува своите книги во делот за јазиците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имаше книги кои не можеа да влезат во рафтовите и тој одново започнуваше да ги средува, небаре веруваше дека книгите ќе ги прифатат неговите молби, ќе се притиснат една до друга оставајќи место за другите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа со социјалниот работник ги средуваше документите кои во ваквите случаи беа малку посложени.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Саво и Снеже долго време во ноќта ги средуваа своите впечатоци од дружбата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се сети на зборовите на постарата дама на литературната средба „вие мора да сте мајка и ќерка“. Ги средуваше коцките.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Можеби,“ ѝ реков наведнат над цедињата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не знам, можеби ми рече или така ми се причини тогаш, додека симнат на подот на коленици ги средував цедињата паднати од наткасната, кога над мене го слушнав нејзиниот глас: „Нино, можеби ти не се познаваш ни самиот себе.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Го напушташе каменоломот и одеше во гробиштата да ги средува камењата што ги делкаше и ги приготвуваше да си направи, додека е жив, и за себе гроб - своја вечна куќа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тој се насмеа, бргу ја бакна и веднаш излезе, за, како што рече, да оди да ги средува работите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во една од почетните сцени, додека безделно си ги средува ноктите со турпијка, Роза Молин (во чија улога е Бети Дејвис) во својата голема и удобна куќа слегува по едни скали и со тој кисел извик му смрчува на љубовно грижливиот и изнапатен сопруг – чесниот, посветен и вреден лекар (кого го игра Џозеф Котен), кој си доаѓа дома по непроспиена и емотивно исцрпувачка ноќ што ја минал во очајничка и јуначка борба да му го спаси животот на еден пациент.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Риса и Тронда ги средуваа легалата на децата што тој ги имаше сросано, а за нив тројцата допрва ќе направи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Луѓе мои, работевме. Растоваравме дрвја, ги носевме од едно на друго место, ги сечевме, ги средувавме, правевме секакви мајстории.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Да ги средува мислите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кротките зборови ми се најсладок појадок! Ќе го замолам некого, кој умее да ги средува буквите, да ми го извезе ова на бел лист и натписот ќе го истакнам на ѕидот зад мене.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Инаку, Анастасија кога не е зафатена со секидневните обврски и кога е вистински осамена најумешно ги средува тантелите на спокојството токму во спалнава.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Речиси пред секоја врата стоеја по неколку картонски кутии, па службениците со посебна сосредоточеност ги средуваа списите и документите растурени по собите и низ ходникот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кога Татко започна да ги средува книгите, беше јасно дека закрепнуваше новиот живот по војната.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Мама мија! - повторуваше докторот кревајќи на шишето и слушајќи го сè повнимателно Илка, кој со мака и прекини продолжуваше: - Пред смрт човек сите есапи си ги средува: што можел, што не можел, што успеал, што не успеал...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)