ги (зам.) - убедува (гл.)

Им се колна и ним Петруш во десното око, ги убедува дека „под зијан" им ја дава, но пак присобра педестина шеесет лири франги и му ги даде на Фараџи за друга стока.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шо ќе ода да ме лаже и да ве лаже Шпиро Манџик, Гого, бабата Бисера и некој друг, оти па да не си го чујме ние од нашите усти шо ќе го пренесуат тиа лажачи сводниците? — почна Крчо да ги убедува двете жени, откако сети дека и двете заедно се послаби од него во умот и може да га надвлада.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така со ред, со клетви и пцости во живи, во мртви, во мајки, во жени, ги убедуваа прилепските трговци селаните и си живееја добар животец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Камилски дури со зборови и солзи ги убедуваше сопругата и децата дека се токму пред крајот на мисијата, им преостануваат уште две работни средби, а потоа сосем лесно ќе ја состават листата на (без)опасните балкански турцизми, со што ќе биде означен и крајот на нивната работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку и да настојуваа Татко и Камилски да ги убедуваат своите сопруги дека работат за иднината на нивните деца, тие стануваа уште позагрижени да не ја жртвуваат нивната сегашност!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги убедуваа и другиот ден кога требаше да се земе невестата и да се обави погребот, ги тераа да се најде разбирање, но ниедниот ни другиот не попушташе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ѝ беше драго што мајка ѝ е среќна, што таа веќе не е трудна и не мора да ги убедува комшиките дека, ете, таму, во градот, сѐ е поинаку, па дури и бременоста трае многу пократко, само три месеци!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ама Стојан ги убедува луѓето дека вложува напор за да ги поправи работите и секако, неговиот клучен аргумент - она што како проблем се трупало со години, не може да се поправи за ден - два. Или во дваесет години.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Зар да ги убедува грдите сеирџии дека она, што го сметаат за нејзина слабост е всушност нејзината најголема среќа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа тие не го знаеја. А нивното незнаење нејзе ѝ беше најмала грижа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Другарот Корнулов се јави уште еднаш, овој пат со Папокот, шетаа од оган до оган, ги убедуваа луѓето дека одовде никаде поубаво не може да ни биде Гледате колку земја се шири пред вашите очи, знаете колку е богата! и дигајќи го гласот цикна другарот Папок, местејќи си ги окалките над истенчениот нос Тргнавте по еден извеан старец другари, само сте се запрашале ли каде ќе стигнете со неговиот ум?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ако возрасните ги убедуваат децата дека тие се возрасни, децата пак, ги 70 Margina #10 [1995] | okno.mk оставаат возрасните во убедувањето дека тие се деца.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нејзините фотографии се појавуваа по весниците поврзани со зборот анархија, беше упадлива по својата неупадливост – наместо деликатните фризури на тоа време нејзината коса беше едноставно кратка, наместо фустаните со тантели, машни, вештачки цветови, и ленти, беше првата жена во Виена која носеше панталони.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одеше во предилниците и ткајачниците, и ги убедуваше жените да ѝ се придружат во борбата за исти права со мажите, за право на глас, и за можност за политичко дејствување, а полицијата ја приведуваше; ја осудуваа на лежење во самица сѐ додека брат ѝ не измолеше да биде ослободена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најнакрај ќе завршиш на некоја тезга за сувенири, за спомен и долго сеќавање и ќе ги убедуваш шкртите минувачи дека не си уличарка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)