Ја слушав во тие ноќи Клара како забрзано дише, како плаче, ја слушав како се моли иако не знае кому да ја упати молитвата затоа што од Бог се откажала одамна, откако тој се откажал од неа, ја слушав Клара како ја прекинува молбата, и како престанува со плачењето, ги шмркнува мрсулите и се издишува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И потоа го слушав бавното дишење со кое како да поттурнува некоја болка која ѝ стои во градите, тоа е една грутка која го има обвиткано прашањето зошто воопшто постои ако постои вака, и среќна е сѐ додека таа грутка е сѐ уште околу таа мисла, затоа што мислата, соголена, без таа грутка околу неа, би била неиздржлива.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)