Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
3. Оставете ги децата да доаѓаат кај мене и не пречете им зашто нивно е царството мое...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
ТЕМЈАНА: Побрзај Маноиле, потрчај, спаси ги децата…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Чекајќи ги децата, испотена како од сауна излезена, одам да се истуширам во вецето што е на крајот од дворот и ја слушам како ми се фали од далеку: „Реновирано е, сѐ е ново во бањата!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Разбуди ги децата, сакам и тие да знаат.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
МИТРЕ: Остави ги децата, не знаат, мали се.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Гледајќи ги децата како стојат нерешително крај патот, стариот селанец што се возеше во нив им се сврте и весело им довикна: На каде, дечиња.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
А утре доведи ги децата, ќе ги нахранам царски“.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Последно дете што прескокна во југословенскиот камион беше моето братче, Коста.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Потоа слушнав на Македонски: - Свртувајте назадечки и преземете ги децата!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
По овој непријатен настан што се одвиваше пред вратата на тоалетот настапи затишје во кое единствено се издвојуваа нервозните чекори на тетка ми која патролираше низ ходникот, веројатно, како што претпоставив, чекајќи ги децата да излезат од тоалет за да исчисти по нив.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Гасовите во мојот стомак се раздвижија и почнаа прво да татнат, а потоа да цвилат во двоглас.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Еднаш Љ излезе од дома, а на улица - ете ти ги децата на соседите.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Една вечер градите толку многу ѝ крчеа што му рече на тате: Лазо, ајде да се поздравиме, викни ми ги децата, и сите други, само снаата не викај ја.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Еве прашај ги децата, рече Пеце. – тие сите пасат туѓи волови, а јас само нашите.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Татко ви, ноќта пред бомбардирањето, ми рече: „Јас ноќва заминувам, варди ги децата!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој се насмеа и застана за еден миг, набљудувајќи ги децата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)