ги (зам.) - живот (имн.)

Господе, запази ги животите на луѓето, гласно изговори старецот и го крена погледот спрема пругоре, спрема небото, а тоа модро и проѕирно и извишено потаму од пајажината до која што достигаа неговите кусогледи очи, изгледаше учудено и насила заплатено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И овој вакум, оваа бездна Сталин сакаше да ја исполни, елиминира - со големите скокови, жртвувајќи ги животите за големата и светла иднина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Светлината не е константна туку трепка како што трепка огнот под неа, но подобро некаква светлина одошто неикаква па да се ризикува да се вклучи градската струја и целот град да се запали носејќи ги животите на сите. Но не е проблемот во тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Чети од доброволци што ги организираше Парсонс ја подготвуваа улицата за Неделата на омразата, закачувајќи транспаренти, сликајќи постери, местејќи знамиња по покривите, ризикувајќи си ги животите за да растегнат жици преку улиците на кои ќе се веат знаменца.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но постојано беа невидливо напнати, крајно претпазливи пред секој гест, штитејќи ги животите на припадниците на своите семејства.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)