ги (зам.) - друг (прид.)

Сето тоа ќе му се случи зашто на своите сонародници ќе се обиде да им даде на знаење дека ги замениле трите верувања (католичкото, православното и муслиманското), својствени на албанскиот народ, со сталинистичкиот марксизам, кој ќе завладее како нова религија бришејќи ги другите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пикник возеше, следејќи ги другите камиони од четата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Понекогаш лажи ги другите, но внимавај да не се излажеш себе си.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Притоа убедувајќи ги другите дека е така.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со нив, лажејќи ги другите, постигнуваме резултат и самите да веруваме во нив.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Критикувај ги другите, но и себе си.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Најлесно ги купуваше оние парчиња што остануваа осамени некаде во средината на брегот како мали оази, пусти островчиња заградени наоколу сè со имотот на Профим, кој не им даваше пат, не им дозволуваше да газат преку неговиот имот; таквото заробување им го правеше на оние сопственици кои за инает не сакаа да му го продадат својот имотец што Профим, купувајќи ги другите соседни парчиња околу него, му ја стегаше јамката на тоа делче од брегот, и кога сопственикот ќе се најдеше како опашан со змија - ќе попуштеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со поглед го барала својот врсник Лозан Перуника - тие веќе не биле пред неа, испариле под насилие на секојдневните промени во тој блед и магловиден заод со сенки слични на разводенета 'рѓа меѓу реткото зеленило на сувата плазика, непривлечна земја ни за орачи ни за грабачи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Скорнете ги другите и поставете се на сигурни места, веќе ја заборавил девојката Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ете кај го кутнала ракијата, а ние за влакно ќе го смачкавме! се свртува кон децата свои, одејќи Одам со ковчегот, а вие поделете си ги другите пљачки! и замина натаму, низ врвулицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Почнаа поединечни пукања, а Стојан и Анѓа ја поттурнаа карпата зад која стоеја, и оваа се растркала надолу по самото патче, смачка еден што се влечкаше надолу и се раскрши на стотина ситни парчиња бркајќи ги другите што бегаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сè што себеси се држи за пристојно, сигурно, солидно, сите што во очите на публиката сакаат да остават впечаток на сериозност и сигурност во контраст спрема хаотичното лудило што нè опкружува, сето тоа или по некоја чудна саморазбирливост отсекогаш и се наоѓа во тоа општествено средиште или пак истуркувајќи ги другите од него непрекинато одново го зазема тоа недискутабилно место.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа не сакала или не можела да поверува дека Макс е мртов, и постојано разговарала со него, едвај забележувајќи ги другите: сѐ поретко им го поставувала прашањето „Ви треба ли нешто?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледала во празното, му поставувала прашања на празното, му давала одговори на празното; насекаде во тоа отсуство околу неа бил присутен Макс.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На тој начин, штом одбереш еден автор за свој љубимец, толку повеќе чест ќе имаш, особено ако тој е странски, напаѓај ги другите и зборувај само за него, припишувај му ги оние грешки, што тој ги нема, додавај му ги оние одлики, кои тој никогаш ниту ги имал: нема ништо попривлечно од глетката на двајца млади, како спорат за своите автори, кои не ги читале; мене честопати ми се случуваше да бидам сведок како епиграмите на Русо ги победуваа “Ноќите” на Јунг, а победата секогаш остануваше на страната на младиот човек чие грло е поздраво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
5. Избери си случајно, неколку автори, научи им ги имињата, замисли дека еден од нив те плени тебе со својата убавина како што Дон Кихот си замисли дека Дулчинеја го плени, а очи не ѝ виде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)