Луѓето го молат господа да им ги прости сите гревови што понекогаш ги чинеле на добичињата и ајваните, оставајќи ги често и жедни и гладни, што ги мавале без мера, што ги претоварале, што ги преморувале во орање, што во студено време кога биле спотни не ги покривале и заштитувале како што треба, туку кога фрчеле со носот, тие им велеле: утур-бутур! пукнал-треснал!
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Татко, обземен од значењата на своите книги, до кои допираше по деноноќното читање, размислуваше, без поизразито чувствување на семејното време, на динамиката на нашето растење, понесен со некакви метафизички излези за кои веруваше дека му ги откриваат само книгите, читајќи ги често и со променлив распоред.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)