За разлика од Шекспир, Гринавеј живо го драматизира Просперо како го исполнува ветувањето “потопување на мојата книга”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И покрај тоа што признал дека е под квалитетите на Томас Ман, сепак, тоа не била единствената причина поради која се нафатил да го драматизира неговото дело.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Не ми е гордост што сум во геј-заедницата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа што мора да кажуваш, одново-наново, колку ти е небитно тоа што си геј за да одржиш некаков општествен или културен кредибилитет, речовито говори за времето во кое живееме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Свесната свест на (некои) геј-мажи самата е суштина на тој клинамен, на тој отклон од привлечната тежа на очигледното, на начинот какви што се работите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Слично беше и кога еден британски таблоид, сакајќи да го драматизира потресниот случај на некој „типичен, горопаден пивопиец и спортски делија од дваесет и нешто години, до уши зацопан во свршеницата“, кој станал геј преку ноќ како резултат на спортска повреда, објави дека првите загрижувачки знаци се појавиле не во облик на хомосексуален порив кај младичот, туку во облик на неочекувана незаинтересираност за резултатите од рагби, во вид на неспособност да разговара со пајташите арпаџици и некоја нова склоност кон саркастичност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Некое нестално чувство на жизненост одеше рака под рака со откритието, до кое непрестајно одново и одново се доаѓаше во сите тогашни урбани лезбејски и машки геј-заедници, дека хомосексуалноста не е нераскинливо сврзана со родовиот неконформизам, дека лезбејките и геј-мажите се и можат да бидат „нормални“.
Небаре за да го покажат и за да го драматизираат тој невиден пробив, толку неверојатен, а, сепак, толку вистинит, геј-мажите главечки се залетуваа во колективниот проект на нормативната геј-пројава.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Самото нејзино постоење го драматизира функционирањето на културниот поредок, а не на природниот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, тој изјави дека тоа што е геј не е онолку важно колку што се важни другите аспекти од неговиот живот – се соочил со повеќе дискриминација, вели, поради тоа што е Латино“.429 Кога ќе искрсне темата за тоа што тебе ти значи тоа што си геј, првата работа е да се префрли темата на некој политички поугледен идентитет, иако тоа суштествување како геј е она од што заработуваш за живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Каква шупа!“, така, е крунски пример на практиката што се стремам да ја проучам, пример што го драматизира начинот на кој геј-мажите селективно присвојувале, прекодирале и одново пуштале во оптек одредени делови, честопати многу нејасни делови, од главнотековната култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Несомнено, „успокојува тоа што големо мнозинство од гејовите“, како што напиша Едмунд Вајт во 1980 г., „се еднакво филистејци како мнозинството стрејтови“ (еден од благодатите на геј-ослободувањето, тврдеше тој, ќе биде ослободувањето на „многу бездарни души“ од поривот да создаваат лоша уметност, за да се ослободат да си станат водоводџии и електроинженери).472 Но, работата не е во тоа што самите геј-мажи се родени „уметници“, иако сите се отуѓени, донекаде, од необработеното искуство (што може да биде објаснување зошто оние геј-мажи што не се родени уметници сепак чувствуваат настран порив да создаваат уметност, како што приговараше Вајт).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, всушност, тоа баш покажува колку е навистина важно суштествувањето како геј – макар токму колку да го драматизира очигледно големиот притисок да обзнаниш дека тоа што си геј е небитно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Работата е во тоа што хомосексуалноста, покрај тоа што претставува напуштање на природата, односно отпор кон она што важи за природно, покажува и доследна склоност кон културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Хомосексуалноста има особен, посебен однос кон културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)