То шо е во шарката е наше! Така да знјте! и го истави својот сурат од нивните очи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Митра го истави грнето од огништето, го зеде ѓумот со вода и леанот па им тури да си ги измијат рацете.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Лазор, извишен над него, и сега не го истава погледот од него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако сакаш јас ќе го иставам цревото за полевање, татко.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Од неговиот старински термос (тој го вика матарка), пиевме вода, а најинтересно од сѐ беше кога дедо го извади големиот војнички дурбин и јас цел час не го иставив од очите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)