го (зам.) - исчисти (гл.)

КОМУНИСТИЧКИОТ ЕКСПЕРИМЕНТ го исчисти просторот и го запре времето, заробувајќи ги во статичко и вечно искуство на револуционерен триумф во моментот кога тријадата на денешнината - НАУКА, ИДЕОЛОГИЈА и УМЕТНОСТ - се обедини во верувањето дека е од другата страна на хоризонтот и го зазема слободниот трон на Бога.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нѐ задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бројните реклами му порачуваат на Американецот како да го исчисти просторот околу себе: со што кујната, со што купатилото, со што прашината, со што прозорците, со што садовите, 168 Margina #8-9 [1994] | okno.mk со што постелнината, како и со што WC школката...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тргнавме а бришачите не можеа да го исчистат дури и снегот од шофершајбната.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да научиме да гледаме, слушаме, мирисаме, да ги вкусиме најмиризливите зачини на животот, да бидеме шармантни, харизматични, лесни како воздухот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Телото ќе го исчистите со нагонот на повраќање, секогаш кога пред очи ќе ви се појават слики и кога искри ќе ви ги потресат нервите во мозокот, ќе ви се згрутчува крвта во тромб од помислата дека сте живееле во лага, дека сонот бил лажен, дека сѐ било само илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кардиналот Ришелје (1585-1642), ученик на Малерб, ќе ја основа Француската академија (1635), за да го исчисти јазикот од ѓубрето кое со запира на устата на народот или кај великодостојниците на дворот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако го исчисти борот од сувите гранки, Богдан започна да го откопачува бршленот израснат околу куќата и искачен по ѕидовите што ги рони и глоде како ѕвер.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не, јас не сакам да бидам како мојот американски пријател Норман кој се заколна дека нема да го исчисти станот сѐ додека не ги среди порезните сметки, а од тогаш има веќе неколку месеци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Вака клекнувам на коленици еднаш неделно за да ти го исчистам бојлерчето, а што истекува од него? Калојна од газерот, тоа што преостанало, ако нешто останало.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да го исчистиме долниот пункт: чизмите, горниот пункт - тилот ќе го одбележиме со капче; на рацете ќе ставиме блескави манжетни, а на плеќите еполети.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во собата горе го оставив на масата. Беше рѓосано. Зедов крпче и го исчистив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нешто живо да го сметаш за играчка што си дозволуваш просто да ја исфрлиш кога ќе ти текне е неподносливо, јадосано си рече авторот и пак ја зеде лопатата да го исчисти дворот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Има шушки низ козината. Сакам да го исчистам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- И не го наоѓаш... Што останало од волците, ако останало, го исчистиле орлите...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Извади едно парче, го донесе над огништето, го исчисти од солта, па го исече на четири парчиња.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А знаеше дека мора сега, веднаш да го исчисти, зашто како што врне, до пладне може толку да го натрупа, што чистењето да стане невозможно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во тој снежен потоп луѓето најмногу се плашеа од смртта и се плашеа да не им се затрупаат и оџаците со снег па да се задушат, да не може чадот да излегува, да не може воздухот да влезе; кога ќе им се вдадеше, ќе подизлезеа надвор и ќе го исчистеа снегот што ги затвораше прозорците за да влезе во куќата светлина и воздух.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Сите геј-мажи што ги познавам се ужасни мурдари, а и ти си таков“, му рекла мајка му на писателот и критичар Џон Вир по телефон кога му се јавила за да поразговараат за Настрано окце за стрејт-дечкото и за подвизите на Фантастичната петорка: „Има шанса да ги донесеш да ти го исчистат станот?“ 344
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои од тие момци можеби се во стегите на реакциското формирање – жртви на интернализирана хомофобија или на родова паника, кои очајнички си ги потиснуваат и си ги одрекуваат длабоките, внатрешни копнежи по циц, по кадифе или по позлата – но тоа веројатно не важи за сите нив. ‌Моделот на Фелоус, исто така, не ги објаснува ниту естетски неврзаните геј-мажи на кои навистина не им е грижа за историјата, старите куќи, дизајнот или стилот, за чувањето на минатото и за живот во совршен ентериер и чиј вкус е срамотно подложен на чести, страшни испади.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури ни Фантастичната петорка не била имуна на безразборност, а само еден поглед во секој каталог за пазарење или за облека за геј-мажи е доволен засекогаш да ја разбие претставата дека геј-мажите нужно имаат во суштина добар вкус.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Конкретниот есенцијалистички модел на машкиот геј-идентитет кој го промовира Фелоус, неговата визија за геј-мажите како природни старинари, архитекти реставратори, љубители на стари куќи и „чувари на културата“, не може да ги објасни оние мажи – а знаеме дека такви има, дури ги има и во значителен број – кои се страсни и посветени модернисти, кои инстинктивно мразат украси, мразат викторијанска ситничавост и детали од разни периоди, кои копнеат по чисти линии и по апстрактни форми, по простори на зен-чистота и по јапонска апстракција и кои ни мртви нема да ги најдат ниту на сто метри од некое милјенце.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нејзиното однесување е исполнето со неочекувани постапки но и со спокојство кое не личи на река што бавно ве одминува , туку на запрена вода што ви се чини дека вие ја одминувате.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одвреме навреме и ќе се накашла; дали за да го исчисти грлото? или за да ми најави дека секој момент ќе се појави по скалите?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А стариот доктор, откако го исчисти накитениот картон, се согласи: „Убаво”, ама така обично како тоа да се однесуваше на ручекот од мајка му.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајката рече: - Јас го исчистив станот, ги измив садовите, направив салата и ја наместив масата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Јас нема да бидам жива целиот ваш живот, - како на шега рече таа и ми го сврти дебелиот бел тил.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Учениците не ја слушаа задачата туку чекаа Ѓорѓија да си ја затвори устата и со јазикот да си го исчисти забот, додека погледот го вртеше некаде настрана.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ѝ недостасуваа зборови, мавташе со рацете и гледаше напред, како некоја риба, велејќи "мммм".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Целото! - задоволно воскликна мајката - Прво го исчисти, па го исече, па го истепа, па го зачини и на крај го испече.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А зад насипот остана поголемо парче земја што вредниот човек го исчисти од камењата и го насади со овошки.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Потоа ја испружи раката кон Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Психоанализата е нешто многу повеќе, нешто многу посуштествено, уште самото нејзино име ви го кажува тоа: од психе – душа…,“ пијано објаснуваше брат ми, а доктор Гете, засмеан, го прекина: „Казанчето многу ефикасно го чисти изметот од тоалетната шоља, драг колега, но не сум сосем уверен дека вашата психоанализа може да го исчисти изметот од човечката душа.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со тоа раководеше чичко Темелко: со гребла го исчистија тревникот, потсекоа прецветани рози, го измија бетонираниот дел и лево од бистата на Лазо Ангеловски поставија подиум и скали за хорот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Низ градот имаат постојана акција за чистење на диви депонии, а планираат да го исчистат коритото на Крива Река и Дурачка Река.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Само воздухот не можеме да го исчистиме. Смрди - нешто пак се потпалило!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Професоре, како да го исчистиме кршот?“ „Немаме гребло и лопата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Четвртиот ден му се јави една Андалузијка, која доаѓаше само да го исчисти станот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Жената се налути. – А кој сте вие, по ѓаволите? Сатурн ја спушти слушалката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе се искрадам низ задниот излез и ќе си го оставам капутот во шкафот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некој би требало да го исчисти местово.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ти само врши си ја работата. Само внимавај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе си го оставам капутот во шкафот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И Огнен Ѓорго нѐ одведе кај една жена, Еврејка, и жената ѝ го исчисти увото на Горица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)