Ниту една публика на светот немаше да го круниса делото на еден поет, музичар или уметник, со поголемо обожавање и беспоговорно одобрување од она што му го укажа стариот Елисон.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Е ... е ... е, ама она што се случи навистина го круниса крајот...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Реши по било која цена своето истражување да го круниса со успех.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нејзиниот свет почна да се руши. Се чинеше дека само Луцифер ликуваше што успеа да го круниса гревот... Сѐ се сруши. Рада остана сама на брегот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тогашниот Врховен Патриарх несакал да го круниса, па го крунисал Папата Григор петти. –зборуваше запалено баба ми - потоа сме ја имале Охридската Патријаршија.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Не, јас паметам, што ми раскажувале, првата држава била уште во илјадаичетиринаесетата година, Маекдонија со својот цар Самиол, кого не сакале да го крунисаат од Цариграда.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Како роб кој му слугува на големиот лорд, Киова Индијанецот му носеше студена вода од црвениот ќуп што висеше веднаш под колибите од гранки, и храна, кога Сем ќе го повикаше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)