Гринавеј, згора, го населува островот со неколку американски Индијанци, моделирани според илустрациите на цртачот и истражувачот John White од 16. век.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во тврдината почиваше меморијата на сите времиња: уште од праисторијата, некаде на преминот меѓу IV и III милениум, потоа скопското Кале, ќе го доживее периодот на етнолитската цивилизација, на околу 3000 години пред новата ера, потоа прастарите цивилизации од некои мистериозни причини го одбегнуваат ова место, за да го населат повторно некаде помеѓу VII и VI век пред новата ера, од IV до V век овде животот континуирано се одвивал, кога населбата на Калето била напуштена, потоа остануваат неколку векови без обележја на историска меморија, постои само еден нем сведок за присуството на големиот император на Источното Римско Царство Јустинијан Прима, тврдината Кале и античкиот град Скупи биле погодени од катастрофалниот земјотрес во 518 година.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко често размислуваше за сложениот еврејски идентитет создаван најмногу во меандрите на егзилот, почнувајќи, според Стариот завет, од нивниот егзодус од Египет до нивната Ветена земја, од егзодот од Палестина, преку ропството под Римската Империја, прогонството од Шпанија, за централниот хебрејски јазик, но и за двата признати јазици на дијаспората јидиш на северните Ашкенази и јудеошпанскиот на јужните Сефарди.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пределот крај реката, под тврдината Кале го насели засекогаш меморијата на смртната тишина, градот се осиромаши засекогаш за срцевината на неговиот живот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ми стана мило заради неговата милоина. Знаев дека мојата среќа го населила и него.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ако запукаат во него, дружината ќе одговори со оган, од шесте или седум истрели ќе паднат можеби четворица арамии, ако го поздрават продолжувајќи си го патот, и тој и неговите луге ќе останат безгрешни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но ако се исправат и другите по него, тогаш сите ќе се следбеници на онаа велигденска осаменица што сакала масовно да го насели синилото на небото...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имајќи шанса да ја искористам таа смрт, јас ќе се потрудам, за доброто на сите чувствителни кои го населуваат Небото, да го добијам Будиното совршенство, растопувајќи се во љубов и сочувство кон нив, и упатувајќи го сиот свој напор кон Единственото совршенство.”
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Селаните, принудени да го населат градот за да се создаде „новиот пролетаријат” се првите жртви на режимот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Почна селото да се топи, да истечува, да се празни. Го населија туѓинци.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)