Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но виртуалното на својата страна се појавува во време помало од она што го одмерува минимумот движење во единствена насока.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
„Во однос на својата практична вредност, да“, одговори Дипен; „а префектот и неговата дружина грешат многу често затоа што, како прво, не постигнуваат идентификување, и, како второ, лошо го одмеруваат, или воопшто не го одмеруваат, разумот со којшто си имаат работа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таксистот го одмери Александар од глава до петици, и како да беше почестен што седи до него на совозачкото седиште, а не назад што беше вообичаена пракса при користење на такси.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ако ништо друго, си мислеше, ќе има доволно време да го запознае овој симпатичен маж и да му го одмери умот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не се тоа некакви неговите прашања што задаваат особени тешкотии (ужасен израз, мисли Лука кој се обидува секој збор да го одмери на дланката па со него или да се зближи или да го отфрли, веќе спрема бојата, мирисот или допирот), но комуникации ненадејно како да изникнува некое валкано стакло помеѓу него и она што го чита, па оттаму нетрпението, прочитувањето насила, обидите да се провали вратата и на крајот величенствен лет на часописот или книгата до најблискиот ѕид, следен со пад и едно влажно плоф.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Може и да не е, отстрана го одмери Баждар и си го почеша темето преку старата шапка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)