Секој актуален чинител се опкружува со кругови од секогаш нови виртуалности, каде што секој пушта во оптек некој друг, а сите заедно го опкружуваат и реагираат на актуалното („во средиштето на облакот на виртуално сѐ уште е виртуалното од повисок ред... секоја виртуална партикула се опкружува со сопствен виртуален космос и од своја страна секоја го прави тоа до бескрај“).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Исто како што хирургот, при операција на срцето, не може да го занемари телото што го опкружува срцето, така и за преведувачот е погубно да го обработува текстот во изолација од културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се обидувам да ги воскреснам крвавите детали од минатото и сегашноста, болни приказни, моменти на тага кои се обидуваме да ги закопаме длабоко во душата, мрачни секвенци од прашумата која го опкружува нашиот живот, нејасни фигури, а кои другите луѓе попрво би ги игнорирале.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Исчистени од гревовите и ниските страсти треба да го бараме со сетилата за перцепција она место од телото каде што се сконцентрирани сите моќи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Го барав и чистилиштето сакав душата да ја исчистам и да ја издигнам до некој рај, некоја среќна земја, некоја утопија каде што владее хармонија, единство на човекот со човек, единство на човекот со просторот кој го опкружува и љубовта која го исполнува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ме подучуваше да внимавам на дечко ми, зошто тие жени што го опкружуваат се опасни и курви.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Секој се труди да се идентификува со околината која го опкружува, па доколку не најде своја рамка, останува сам како независна планета.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Покрај „вализе-то“ на Марија Мартинс, многу други примероци од Дишановата луксузна едиција беа изложени на оваа изложба, вклучувајќи еден посветен на Кетрин Дрејер, и уште еден на чилеанскиот сликар Роберто Мата Ехаурен, кој заедно со Дрејер ја напиша првата книга за „Големото стакло“(12).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Една од најголемите простории на најгорниот кат на Палацо Граси беше искористена за изложување на Дишановото „вализе“ и голем број оригинални слики репродуцирани во оваа комплицирана и прецизна збирка, обесена по ѕидовите што го опкружуваат експонатот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во почетоците се жртвувало сѐ што го опкружувало човекот, па потоа и самиот човек, деца и животни, со жртвениот јарец на чело...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Според нив, "прашањето за државната поделба во федерални единици сè уште не е усогласено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Лавровиот венец што го опкружува новиот партизански печат и што се употребува на нивните пасоши е поделен на пет дела, означувајќи ги петте националности: Срби, Црногорци, Словенци, Хрвати и Македонци".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
„Оној што не верува во тоа“, пишува понатаму Хундертвасер, „во некоја прилика нека се потруди да ги изброи рамните линии што го опкружуваат и ќе сфати; затоа што никогаш нема да стигне до крајот“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ова се случувало на празничните денови на Римската империја, но во денешни времиња човештвото осудува на мачеништво и свирепа смрт милијарди животни, размислувал утешно стариот Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во овој однос кон животните Бургиба гледаше како западниот човек го презел арбитрарно правото да го раздвои човештвото од анималноста, кое судбински го опкружува, предизвикувајќи свесно еден циклус на планетарно проклетство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Покрај другите неправди со кои се товари приведениот, се придодава уште една: го опкружуваат со надгледувачи со единствена цел да ја нагласат понижувачката улога во која се наоѓа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Напоредно со размислувањата за овие грди појави наеднаш се замислувам во улогата на потпалувач на печка во студена соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ниски, еднокатни стари куќи и веднаш до нив синџир од нови десетокатници го опкружуваат центарот на градот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Но од гледиште на субјектот, се појавува вистинска животна околина, која го опкружува, а која се разликува од онаа што дотогаш секогаш ја доживувал, така што субјектот почнува да се однесува како да влегол во некој нов свет.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Застанувајќи Бакман рече: „Не“. Се префрлил во вселена во која не постоел.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Прицврстен за своето семејно стебло од кое се храни, заслепен од листовите кои го опкружуваат, неговото битие не ја запознало безграничноста на просторот во своето време на формирање.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сега, во зоолошката градина, таа стои на летвите кои го опкружуваат рибарникот полн со виножитни пастрмки долги 20 и 25 и 30 инчи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Така изгледаат пастрмките кои би смееле да си ги задржите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во жолтите недели таа и Далтон со бебето преминуваат преку железничкиот мост над реката Снејк.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)