го (зам.) - оформи (гл.)

Но, пред сѐ, според нас, Ботеро како уметник на новата Ренесанса одново ја откри перспективата, другата перспектива, не обратната и не деформираната, туку, како што веќе беше речено, ботероморфната перспектива во која фигурите ја преземаат формата на просторот, се зголемуваат како просторот и самите го оформуваат просторот...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Набргу можеше да биде сигурен дека тука ќе се исполни и она, што го прижелкуваше сето време скриено во себе, но што немаше смелост да го оформи во желба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Хелвиг не одговори веднаш. Му требаше напор и време, да го оформи одговорот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Односно, таму се наоѓа граѓанството како обичен социјален слој, а не како освестена социјална позиција која на темелите на јасни граѓански вредности активно го оформува општествениот живот низ неговите морал, право и политика.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Меѓутоа, и денес може да се види во Струга музејот што го оформи трпеливо Игор Лозински - личност што постоеше вистински под името Николај Незлобински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Средното образование го оформи во Битола, дипломираше на Педагошката академија во Скопје.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И ова провлекување низ војските постојано ќе ја следи во животот, откако ќе го оформи своето семејство, ќе ги изро­ди своите чеда, и тие со неизвесна судбина на Балка­нот, како нејзината некогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И, се чини, ова блиско соочување со бранот на војната, уште пред да го оформи своето семејство, беше првото нејзино предвое­но крштавање кое сигурно, засекогаш, ќе ја обележи во жи­вотот, особено во верувањето дека е родена за да си ги спаси своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)