Погледот ѝ го пресече единствената голема црвена пожарникарска кола која брзо се движеше кон паркот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Оваа мисла веќе беше слушната од козарите, па Чанга сега категорично го пресече: – Ние не одиме ниту чекор во социјализмот без нашите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тогаш Рашела го фати намигањето на моите постари браќа, што мајка ми, и самата во тој миг влегувајќи во кујната остро го пресече, подавајќи ѝ го на Рашела лонецот за млеко, и растерувајќи ги нив по нивните соби, испраќајќи ги со викање дека по цел ден се излежуваат и дека дома ништо не помагаат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И ако го пресечеше крпењачата просторот меѓу двата камена што го обележуваа голот, настануваше вистинско ликување.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Седевме и молчевме. Кој ќе го пресече молкот? Јас?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Кога би ни паднале в рака! Ама амблемчиња.“ Дејко потсети на нашата акција.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Без да се дозбориме најнапред застанавме тука, за да ги разгледаме автата и да им се восхитуваме на досега невидените.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Меѓу нас нема тајни... “ го запраша Дејко, ама Љупчо му го пресече зборот:
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Јован и Толе го пресекоа долот и на мракот ја прејдоа Црна кај Скаклевите воденици.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И вечерта се разделија. Сарафов со своите луѓе и стотина четници месни раководители што сакаа „да се одморат“ се збогува со тие што не сакаа „да се одморат" и предводен од Тошета и Игета од Беловодица, околу полноќ го пресече џадето Прилеп Градско меѓу селата Плетвар и Лениште и до зора ја фати Бабуна и Никодинска планина за да го продолжи својот пат преку Вардар.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но пците не се задржаа крај него. Го пресекоа патот и, небарем дира од дивеч тераат, почнаа да лаат. Отрчаа преку пресоп кон чешмичето во стената.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И таман се наближи до чешмичето, од папрата изрипа Турчин со готова пушка на рака.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе ја фаќа или веќе ја има фатено Бабуна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Добро — рече Толе и како смок се свлечка преку камењето и го пресече патот, та се намести зад една од многуте карпи на Скала.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Утре – нов ден, нова нафака: на лаѓата за Венеција ќе протнам некоја ведра песна, преку девет мориња скришем ќе испратам и врзоп карипски насмевки - само црна мачка да не ми го пресече патот кога папсана се враќам дома и си мислам дека навистина сум продавачка на синолички на плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Уште малку да преведе од тие сиџили, без кои не ќе може до крајот на животот. Болеста го пресече...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Додека го слушаше Мирона Донски, Татко го пресече нешто длабоко, особено во мигот кога тој го нагласи зборот пренесување на сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Директорот виде, почувствува, дека Татко нешто го пресече.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Како да го пресече нешто во душата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Бесот и срамот - или неговиот нов лик - му го пресекоа здивот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
- Ајде... Нагло го пресече сега примашот и му се скара што уште не станува да ја исполни порачката.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Питу се тргна. Сега исписка и жената: - Питу!... Кому нѐ оставаш?... Питу осети како го пресече нешто.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Суз, бре, ќепазе, не сакам од тебе акал, - го пресече како со нож башмајсторот и му се скара дека ќе го испрати веднаш в село, ако проговори само уште еден збор.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Значи, пак ќе отпушта“, го пресече мислата и тој по стара навика покажа на постројката со бавно движење на раката: - Голема куќа, газда, уште многу нешто сака да се соѕида и да се суреди...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Овој може и да удри го пресече страшна мисла.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Детето занеме. Нејзиниот глас го пресече, скова. Крилата на радоста му натежнаа, смалаксаа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но Карче, поласкан од честитките на Робе, кому му правеа чест и пашите, така го пресече синот со својот поглед, како да му велеше: „Молчи, бре, абуле, слеп ли си та не гледаш со какви луѓе се сродивме?!...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но времето, разните преселувања на народите, војните, земјотресите и пожарите одамна го пресекле текот на животот што буел во овие места.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бојан уште еднаш го пресече својот дел и го стави едното парче в уста.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бојан го пресече на две и едното парченце му го подаде на Денко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
9. Еден ден, кога на Грдан му беше полно рамно, та од снегот ги гледаше само качунките, Горда го пресече.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И токму тогаш, што се вели како гром од ведро небо, се случи нешто што го пресече, така го пресече што го умртви.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Милан излупи едно јаболко, го пресече на четири дела, и една од тие четвртинки набоде на врвот од ножот и ѝ ја донесе на Рози, голема чест за која таа не беше воопшто свесна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Пера нешто како да го пресече.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Потоа неговата темелна преокупација беше прашањето што да преземе за да го пресече овој Гордиев јазол во којшто се најде.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Левата рака на војникот со која ѝ ја опфатил половината, ја носела кон благите падини од каде почнувала планината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Коњот е повеќе вознемирен и исплашен одошто загрозен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мајка ми седнала на седлото пред војникот а коњот во кас го пресекол полето и тоа по оние тесни селски патеки по кои и воловските двојанки многу ретко заскитуваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Еден каиш не е во состојба да му го пресече патот на воздухот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Старецот посегна до појасот, извади остар нож и со силни удари го пресече јазолот, заривајќи го ножот во змиското тело.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
По час и половина го напуштивме Врбник. На првиот свиок, надвор од селото, патот ни го пресече комбе.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Рикот го пресече како со меч воздухот меѓу едниот и другиот брег на реката. Екот долго се ширеше низ клисурата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Плачеше цела ноќ, а мајка му си го пресече прстот со за’рѓан жилет за да му даде да цица крв.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Пушка имам, не се плашам дури и сам да сум. - Пушката ќе ја оставиш, го пресекол Онисифор Проказник. - Ќе ве сретнат, ќе се посомневаат на вас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Зошто да не појдеме ако можеме нешто да сториме за дружинава, се развеселил Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ами сега ќерко, немам повеќе што да зборувам, ми го пресече зборот како со мед, со тоа што рече: „Лошо — арно како што ќе рече мама“. Блазе...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
АНТИЦА: (како горе му го пресекува зборот и додава). До вечера!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Го тргна поклопецот од дувлото и токму сакаше да зачекори во него нешто го пресече.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Потоа паднав во една тешка депресија која уште повеќе се зголеми попладнето кога дојдов “дома” и кога оној човек со мантил и темни очила ми го пресече патот. 78 okno.mk “Што решивте?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тоа го пресече, од тоа веќе не можеше да направи ниедно движење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Глигор остро го пресече: - Кога ќе ги фрлам плочите, тогаш грабај, чакал несреќен!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Глигор наеднаш го пресече раскажувањето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Некој даб, ако тераше сосема накриво, јали ако беше исушен, или заболен, можеше да го пресече, за колку преку ноќ, назимо, даму држи жар во пампурот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оттука границата мине по вододелните ридови на Скопска Црна Гора, го пресекува Лепенец кај Качаник и се искачува на вододелот на Шар Планина.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Едно пресекло, и веднаш излегла една убаа и красна девојка, со таја руба на неа со рака чоечка неватена, и му застанала пред него, та му посакала леб и сол.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Го кладе на ќутукот и го пресече прсто, та му го врли во сурато и така куртулиса од него.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Видуајќи го чорбаџијцата со џигеро в рака, му рекла: - Море домаќине, ами коа сме јале ние џигер, што си ми купил?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сполај богу, рацете нема да му се изеа(т), да.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сечам, не сечам, најпосле извади ножето и го пресекло и тоа да види дали вистина има девојка како во другото, и едно го пресекло, беше излегла една девојка уште поубаа од другата, та му посакала леб и сол и немајќи да је дајт, невиден бис се сторила од пред него.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Оде, што оде до некое место и му текна, та изваде едно јаболко од пазуа и го пресекол да види дали е вистина тоа што му рекло сонцето.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Поодило уште троа пат и го изваило уште едното јаболко од пазуа, та му се стокмило да го пресечи.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во тоа свое бегање, волчицата не го забележа зајакот што ѝ го пресече патот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Братче, нарачај и за мене. Под другиот закрцка расклатениот стол и го пресече баритонот. - Зошто, ти нем ли си?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ќе го пресечеме дрвото и ќе им го земеме медот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И мене ми го пресекоа палецот на ногата. Како шупливо јаболко да отребија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мене немаше кој да ми каже, барем јас имам кому да кажам: и кога се роди Горица, јас папокот ѝ го пресеков со срп, оти беше женско. На машките им се сече со секира.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе си го пресечам со тесла, вели, со брадва ќе си го пресечам, вели, не ми треба само за мочање.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По три дена татко си го пресече палецот со секира.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Александар не се сметаше себе си за херој, не познаваше ниту еден таков и беше убеден дека такви не постојат, но секое утро му се чинеше дека ќе ја изгуби самоконтролата, ќе го собори Петар на земја и ќе му го пресече грлото со еден од кујнските ножеви на мајка му.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Невидлив меч му го пресече телото, како кога ќе видеше на огласната табла на факултет дека не го положил испитот или како кога некоја девојка која му се допаѓаше ќе поминеше покрај него гушната со некој дечко.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Александар мислеше дека одамна се ослободил од тоа, ама мечот кој што на кратко му го пресече телото додека се поздравуваше со некрунисината мис тинејџер на неговата генерација го увери во спротивното.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Кога почна да се разденува, мракот не се топеше во светлина, туку се згуснуваше во широка лента која бавно се стеснуваше во огромен флор, па во конец кој светлината го пресече како со ножици, пуштајќи нов ден во светот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Тоа е онаа Јага ...“ „Таа“, го пресече жената.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Оловото на старата огњарка ѝ ја проби плешката и излезе кај вратот. Во тоа свое бегање, волчицата и не го забележа зајакот што и го пресече патот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога помеѓу Албанија и Македонија (во составот на Југославија), во периодот на сталинизмот и на Информбирото, меѓу двете земји се крена најнепроодната граница во Европа и преку ноќ го пресече протокот и на луѓе од исти семејства, луѓе од Албанија доаѓале до граничната линија означена со висок ѕид од бодликав тел, фрлајќи пари кон Манастирот со надеж дека некој ќе ги однесе до Светилиштето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пцетата им го пресекоа патот. Ги предводеше напуштен поентар на три нозе. Не лаеја.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Зракот косо го пресече од рамото до последното десно ребро.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Прашалникот го пресече снимка од социјален протест поради економска криза во земјата - нешто што наедно ме зачуди и израдува.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ќе ја силува и ќе и го пресече гркланот во моментот на климакс.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тогаш една врата тресна и како да го пресече мирисот, исто толку ненадејно како да беше звук.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури и додека ја гледаше црната орда како напредува кон југ, тој виде уште една сила, необјаснето собрана, ненадејно никната во нејзината заднина, како ѝ го пресекува патот по копно и по море.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ќе ѝ го пресечам гркланот. Кврц, и готово.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сече сѐ, а него никој не може да го пресече.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Сус, море!“ го пресече Тодора и во собата завладеа таква тишина што и ибн Бајко мораше да се далдиса во тоа што го гледа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Тој Аџи-Трифун е пријател на самарџијата Димо, а овој му ја има дадено ќерката на ибн Пајко ефендија!“ се вдаде некој од агите, за да го пресече валијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Петра како да ја слуша Чана или како да ја слушала или како некој друг да ѝ качува нејзе за тоа колкумина наранила со петелот на Петра што се отепа таму горе на станицата удирајќи се во вагон што му го пресече патот кон неговата којзнае каква слобода.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Веќе ја има седнато својата голема снага, петелот уште лета како да е птица, ама в миг нешто огромно и црно и дрангорливо му го пресекува патот и него го снемува од светлината.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Јас убаво го пресеков.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
А еден од аскерите, повозрастен просто го пресече чаушот: — Брак, бре чауш ефенди, бу чуџ ук дер максамдер, бре' (Остави го бре водниче ова дете макцамче).
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се приближува еден од забитите и со исуканата сабја го пресече сиџимчето и пилето, како да му пораснаа крилцата, летна и и застана нејзе на левото рамо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На Велја среда го пресече и го извади разбојот од тремот, за да ѝ го отстапи по Велигден на Митра и таа да чкрипне некој и друг лакот шајаци или некое козинавче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На Ристета јазикот беше му отекол, бидејки кога го тепала потерата, му ги скршила вилиците и си го пресекол јазикот, та не можеше да зборува.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Нема ни да се обиде да го сокрие пред неа својот потсмев. тој немаше душа, Марија, ќе ѝ рече. Имаше, ќе го пресече.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сеедно, пак ќе го пресече. Тој беше приказна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Небото повторно блесна над Езерото. Го пресече долга, светла, испрекината линија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
При ова долго влечкање низ ходниците мислам дека двапати или трипати го слушнав и гласот на Катерина а во еден момент, во ова речиси сум сигурен, на еден од премините претрча и Јана. Ми го пресече патот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури и подзастанав па Бушавиот ме погледна некако зачуден и праша А што се случи? Да земам воздух, реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Така падна кога го делее местото.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Вездетн с’нцето ни беше зад нас или останваше од левата страна.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Е, затоа - го пресече Пандо - ние први го облекувавме нивниот шинел, ги обувавме нивниот цокули и на капите го носевме нивниот знак.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Липање го пресечува.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И една ношја ојду јаска по трапо, по трапо и о, ниедно време, како некоја в’лчица, по мрако, втаса о ридо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Луман пак, неколку пати прости и повеќе пати рече дека ќе почека, но кога виде дека Бошко зачестува со такви молби, еден ден го пресече: - Не чекам јас . . .
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Изгледа вистина е тоа, дека оние безбожници посакале да им го пресечат патот и да ги фрлат в море.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Со идењето на Ѓупците идеше и некое построение во селото: се случуваше ајван да пукне, копиле да се роди, брат на брата секира да крене, куче да збесни, жена да му го пресече плодникот на мажот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Најпосле го пробија, откорнаа еден камен-два, а потоа полесно почнаа да ја прошируваат дупката и да навлегуваат внатре; кога го пресекоа ѕидот на онаа висина на која удираа, тој се урна, а со него и оној дел од покривот што лежеше на него, откинувајќи се исто онака како што Бандо го виде во сонот; и сега, гледајќи го повторно тоа паѓање, не знаеше дали е ова на јаве или повторно сонува.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Не - демонстрации - никако!!!“ го пресече наставникот Никола - Еко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Со Теми да им одговориш“ - рече Томе , ама Филип го пресече: „Томе, тоа не е сѐ.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Поправете ја телефонската линија, а ти земи го мојот коњ - нареди Кикицас - и трчај наврат-наноц и пренеси му на командантот на 103 бригада веднаш да испрати еден баталјон на помош, да и го пресече патот на колоната камиони и да ја уништи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И одеднаш го пресече прашање: зошто, пак, ноќе погреб?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И уште многу ќе те замолам, Боже, лебот наш нека ни го донесат веднаш и што побрзо врати не дома... - липтеж ѝ го пресече гласот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Знаеш како е, да те фати виулица со снег на некоја пресека, може здивот да ти го пресече со врела вода и котелот со бакамот го стави да кисне додека не пожолте како масло.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Четирите благунови столбови што веќе беа исправени беа избричени од еден даб што селаните го пресекоа горе во коријата над манастирот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тоа го пресече фелдфебелот, но ништо не рече.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Ние... - веднаш на тоа подвикна Шишман, црномурестиот и покусиот, ама како да го пресече нешто.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се спуштија право надолу, го пресекоа патот за манастирот, сурнаа в река, преку река малку поискачуваа и пора за час се најдоа во Коленово.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Колчето го пресекоа на три дела, а секој дел уште на три помалечки делчиња и тие девет коматчиња ноќта се ставија под Љупчо за да мочал на нив, а другиот ден ги однесоа кај Тина за да ги потнела, ама Љупчо не престана да плаче, башка што си дадоа сто динари.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ме пресретна и ми го пресече патот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Прописно го пресекол, го изрешетал пред колкот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Не ти дадов збор – го пресече татко ми. – После ќе го кажеш тоа што го имаш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- После ќе заборавам – рече брат ми. - Запишувај! – предложи мајка ми .
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)