Училиштето го сврши, да наполни само четиринаесет петнаесет години и ќе го врзе попот со Анѓа до живживоти.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оние, побогатите, кои го свршија третиот клас во Кукуш, се запишаа и тргнаа да го продолжат учењето во Солун.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Откако ќе го сврши тој своето образование во Србија, каде тој треба да оди: во Бугарија или во Македонија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Откако ја прими веста, стариот Карче не побрза да разгласи по Ресен дека в недела ќе го свршува синот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој се определи за разглед со Татко и на заемките со почеста употреба во балканските јазици како: фодул, фодулук, мурдар (гнасен, нечист), фајда (корист, полза), шаитлак (доказ, свидетелство).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски најде и низа други турски заемки кои си го свршиле своето во балканските јазици, но чие значење не можеше лесно да исчезне, задржано или во усната и писмената народна меморија или на недоискажаното во новите зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секој си брза прво своето да си го сврши и да си го прибере бериќетот дома.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ТОМЧЕ: (Луд од среќа, му бацува рака.) Татко...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТОМЧЕ: Така! Ете, татко, тоа го зедов на мене и го свршив, а сега...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)