Пред очите му прпелка сив гулаб кренат во рацете на свештеникот на Храмот и подготвен за жртвување, потоа пред очите му се појавува и самиот жртвеник на кој се принесуваат крвните дарови кон Бога од жртвените животни од кралот, од свештениците, од великодојстојниците и од бројниот народ кој во оваа камена градба виде исполнување на молитвите на генерациите од неговите излачени претходници, виде дом на Бога чиешто место на постоење го селеше со себе во своите долги номадски талкања по широките простори од Африка до Блискиот Исток, и конечно на канаанската земја и таму виде и дом за себе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа вечер, сместувајќи ги коските на Митруша во новиот гроб, стариот железничар се зарече дека никогаш веќе нема да ги распретува - ни да го сели, ни да го пусти, ни да го штури.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)