Дури и во неговата родна земја, во која не му се приклони на фашизмот, во периодот на сталинизмот, сакаа да му организираат заседа, односно стапица, откако го ликвидираа неговиот брат, поради англиската врска, да го судат и него поради антисталинизам, поради ревизионизам и што ли сѐ не беа спремни да измислат, во еуфоријата на големите ликвидации, во таа бесна синдромска фаза на саможртвување и на самоуништување.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Не можеше да се ослободи од чувството дека, можеби, во Судот, еден ден, ќе оди за да суди, а не за да го судат.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Марија - Јана. Јосиф - Симеон! Ти си кретен, свети духу, мислеше и не знаеше што мислат за него сите оние од Нојовиот ковчег собрани како штаб за да го судат за дезертрство од човечката кожа, за ноќно `рзнување и обеспокојување на сѐ што е живо во тој библиски кораб.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сега заедно со уште една сурија други и чисто политички го судеа и му врза десет години во тоа Идризово.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ќе го судат. Ништо не го спасува.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го зел кадијата тевтерчето в раце, гледат - многу му дотежнало, се сетил оти има нешто пари внатре, со усул му £ одвиткал трите мушами и отворил првио лис, кога глеат - една мека мамудија залепена, тогај се сетил оти рушвет му давал чорбаџијата со маривет, арно ама кадијата и тој не бил подолен од таквите маривети на чорбаџијата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Еј гиди бабо, со Госпо да го суди, лели велиш и друга кокошка ако имаш, па ќе ти ја изеит - је рекол тој.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Коа чу кадијата тие зборои од музурот што му 'и кажал, малку како да се уверил, ама и како да му притекнало оти рушвет ќе му давал чоеко, чунки разбрал оти бил многу богат.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Цела недела го судеа тој Кубре додека не го осудија.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Овие одредби ќе се применуваат и кога во текот на постапката пред советот ќе се променат околностите или тужителот ќе го намали тужбеното барање, така што спорот би требало да го суди судија поединец. 178 Ако советот донел одлука за спор што требало да го суди судија поединец, оваа одлука не може да се побива поради тоа што одлуката за спорот не ја донел судија поединец.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. Во парничната постапка судовите судат во совет. Со овој закон се определува во кои случаи суди судија- поединец (чл. 12, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога советот, во текот на постапката или претседателот на советот на подготвително рочиште, по службена должност или по приговор од странките, ќе утврди дека се работи за спор што треба да го суди судија поединец на истиот суд, ќе донесе решение – а, по правосилноста на ова решение, постапката ќе продолжи пред судија поединец и тоа по можност пред претседателот на советот како судија- поединец.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Против оваа одлука на советот не е дозволена жалба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Реторика - Наука, им носи големо задоволство на сиромашните писатели, како тие да си ја разубават У Убавина - Краткорочен кредит. сиромаштијата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Уметник - Го хранат и глупиот, и Рогови - Украс за на глава, мошне евтин паметниот, а обајцата и го судат. и затоа секогаш се употребува.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)