го (зам.) - тажи (гл.)

Руса, пак, цела една седмина потоа, и дење и ноќе седеш тука, го китеше каменот со цвеќиња, палеше свеќи и го тажеше Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дојдоа мајките чие што чеда со Кузмана паднало; потем со Неда Кузман го тажеа тие.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Го тажат жените, променети во црни руби, а плачот - железен е бран."
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Често настапуваше на платоа во Метрополата, крај дрвореди, испраќаше ливчиња по реки, во отмени салони ухнуваше здив во стаклени чаши и говореше со јазик на јасновидец, излегуваше гол, со кренати раце на полна месечина, и луѓе слични на него, почнаа да одат по него, да го слават и да го тажат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога Кундера би го видел народот на Плоштад Македонија како одделува сопствени пари за да постави рекламни постери од поп-пејач (и по неговото трагично преминување), сигурно би добил инфаркт, па потоа сите би го тажеле заедно со починатиот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
КЕВА: Доста, Спиро, жити бога!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Доста го тажи како мртовец.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И сум го тажела, мајко - гласот ми зарипнал - та од уплав мршојади одлетувале - чинам - тогаш над Беласица небото било и дење стемнето...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)