- Јас мислам дека најдобро ќе биде да го тужиме.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Јаким налутен што судот пресуди во полза на Лиќо, започна и тој сега да ѕида уште еден кат на својата куќа, и сега тој почна да му го затвора светлото на прозорците од Лиќо; сега Лиќо зафати да го тужи Јакима и да го спречува да го изгради катот; започнаа одново да доаѓаат комисии, вешти лица од судот, да прават скици, записници, да даваат мислења; се редеа судски решенија, жалби, тужби; времето одминуваше а есенските дождови почнаа да му ги ронат ѕидовите на изградениот кат на Јаким; и тој нечекајќи дефинитивна одлука на второстепениот суд, зафати да го покрива; Лиќо се обиде со сила за го спречи, започна тепање меѓу нив во кое се вмешаа и нивните жени и нивните синови: Танаил и Китан. во тепачката дојде до пукање и Лиќо го отепа Јакима.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Треба да го тужиш. Како може така? - рече Елена и веднаш сфати дека избрзала.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тогаш скомина ги фаќаше и потајно ги силеа Јанческите да го тужат Тахир бег и да бараат да им биде вратен коњот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Веќе навистина треба да го тужи.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако е крајно огорчен од целокупната ситуација во државава, но и во светски рамки воопшто – Љ.Н. е одлучен во тоа дека, во иднина, повторно би тужел доколку му биде повредено некое работничко право. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)