Како што поетот не ја штеди песната од физичката болка, така и болката не го штеди стихот од себеси.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Го поддржував пред моите другари ставот: Тој што не ги штеди животите на другите, нема право да го штеди ни сопствениот живот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Навикнати на канцелариска работа и седење во кола беа веќе и по малку забревтани, па молчеа за да го штедат здивот.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Вели, го штедела времето на тој начин.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Можеби сепак беше поупатно да останам дома“. (Сега уште повеќе го штедам гласот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Дали гемиџиите не размислувале дека, уривајќи ги капиталистичките објекти во Солун (без разлика колку и да го штеделе цивилното и невино население), создавајќи ужасна паника и растројство во еден така важен град за Турската империја, ќе дадат повод за извршување на слични масакри врз сопственото население, какви што биле извршени врз Ерменците?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)