го (зам.) - разговор (имн.)

ХРИСТОВ: (Продолжувајќи го разговорот што го водел надвор.) Што мислите, господин Луков... не ќе биде ли подобро, јас првин да разговарам со неа? (Влегува Неда.) Добар ден, мила. Како си?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но, и народите на Балканот го сочувале зачувале овој збор, со блиска, но никогаш различна конотација? рече Камилски, насочувајќи го разговорот кон ставот кој требаше да се заземе за зборот табиет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Французинот и Италијанецот останаа на чардакот продолжувајќи го разговорот, а Англичанецот слезе во дворот и седна на камената ограда гледајќи кон езерото над кое сонцето зајдуваше и правеше долга пламена река.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Табиетот ќе си остане табиет во владеењето на Балканот, времињата ќе се менуваат, но табиетите ќе си останат табиети, а нам ни преостанува да ја оставиме отворена судбината на овој збор во нашата листа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, кога Дишан зборува за ова дело, тој обично ги опишува коцките како коцки шеќер, одвлекувајќи го разговорот од студенилото и смртта.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)