„Ве молам, господине капетане, не уништувајте го селово...” му рече сликарот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
— Немој бре Толе, не пусти го селото, бре брату! Не гледаш ли колкава сила нѐ налегнала па и ти сакаш да не дозапустиш! — молеа селските луѓе, но востаниците беа гладни и истоштени, а Толе им вети дека ќе најде леб оттаде река.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оди во Крушевица твоа; малку е подалечку од аскерот, белки не ќе се забележи толку колку овде пред носот негов! — ја повторија и потретија селаните молбата, но Толе си остана на своето и нареди преку ноќта да му се зготват пет шест кокошки и толку мазници за неговите луѓе и остана да преноќува в село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)