Тој само ги подотвори очите од столот на кој дремеше на чардакот по обилното јадење и пак смигна со очите држејќи го сонцето на лицето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Едниот ќе поведе во својот утрински занес пречекувајќи го сонцето другите го следат во складно безредие и еден по друг се редат во устремот на денот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
А сега, повторно во твојот роден град, во Клубот на уметниците исполнет со твоите бои, на твојата секогаш преполна маса (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го сонцето во десниот џеб од панталоните, ниту пак жолтите облаци во шлицот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Но, тие трчаа, ги вртеа лицата кон небото, чувствувајќи го сонцето на образите како жешка греалка; ги соблекуваа палтенцата и ги ширеа рачињата на сонцето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Очите му беа напола затворени; лежеше на грб, впивајќи го сонцето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)