го (зам.) - теле (имн.)

Одеше по билата на ридовите, за да може да гледа и на едната и на другата страна, повремено ќе се провикнеше: „Ме, меее“, мамејќи го телето и очекувајќи да го чуе од некаде неговото мукање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоше ги превртува лисјата на букварот. - Еве го телето, - покажува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Јас ќе претрчам до Иван... Имам нешто работа. Ти прибери го добитокот, измолзи ја кравата, надој го телето... И да не одиш нигде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)