им (зам.) - подаде (гл.)

Ете, знај, од ваа вечер си капарена и свршена за Илка Сукалов од Витолишча, Дедовците станаа, се приближи и невестата Менка и им подадоа рака на Илка и Доста, им честитаа, и армасувањето се сврши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секогаш кога, во потрага по Владимира, ќе достасаше дружината на полето каде што тие жнееја, ќе поседеше на полозите а тој, Арслан бег, наредуваше таа, Руса, да им подаде вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од софрата станаа жена и две деца и им подадоа столчиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Можиме да влезиме? Старичката им подаде рака и ги внесе дома.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но тие не смееја да отстапат од наредбата на директорот на хотелот, кој во престојот на Камилски гледаше престиж за хотелот и затоа трпеливо го гледаа Камилски како им подава книга по книга откако добро ќе ги погледа и погали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Им подаде на братучедите рака за добредојде и рече: - Јас сум ви најроднина овде во селово.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа прво им пристапи на Французите и извади од футата круши:им подаде по две.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Војниците им подадоа по една торба, другите што беа тука околу се собраа околу нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Љаке се појави целиот окапан. Им се приближи, им подаде рака.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Стрчаа луѓето по нив, жените им подадоа каленица со вино.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Со крајот на окото виде како братучедот си ги оближува усните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога се наведна да им подаде мени, во длабокото деколте ѝ ги виде градите. Мали и тврди. Под маицата не носеше ништо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Каснете малку, - рече и им подаде по едно парче зелник. - Од сношти е, ама чудо е.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во болницата место немаше: по скали, по ходници лежеа ранети; во кревети по двајца лежеа: болничарите и милосрдните сестри не стигнуваа ни вода да им подадат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Последното чкртање на двоколките стивнало, од остриот звук земјата станала сунатица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето од дружината наеднаш се почувствувале измамени по долгиот пат на кој коските на другарите биле патоказ од пекол в пекол - ги пречекува куп суви очи, никој не им подава рака, не ѕвони смеа на деца и не се слушаат женски извици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ретко кој покуражен се осмели да им подаде по некој сомун леб, но место нив, сомуните ги земаа сејмените, бидејќи тие беа врзани, та не можеа да посегнат по лебот. И тоа беше доста.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Насекаде е мешаница и врева: меѓу борците се провлекуваат жени и им подаваат секакви дрангулии: леб, чорапи, опинци, јаболка, цвеќиња ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ги тргнав рацете од склопчената кошула што ја придржував на стомакот под фустанот, за да можам да го земам шишето со вода што стоеше на масата, и турив неколку голтки во устата што молеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дежурната болничарка подаваше пијалоци на карневалот, и немаше кој да им подаде вода на оние кои умираа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)