им (зам.) - подари (гл.)

И кога овие се приближија, стариот бег просолзи, и се избакна со сите тројца и им подари по две железа за кревети.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој регимент добивал по две големи тепсии со првокласна баклава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На празникот (бајрам) на рамазанските пости и на празникот (бајрам) на жртвувањето, султанот имал обичај на корпусот на јаничарите да им подарува баклава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да им подари на нејзините.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Добро, и ним ќе им подариме по една играчка, ама јас ги барам оние што личат на мене.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Широка и благородна душа, Чанга прв им помагаше на гладните и бедните во градот: носеше млеко, храна, на најбедните беше готов да им подари козле од новата рожба на неговите кози. А тие беа плодни, преплодни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сакав да им кажам, секој ден да им подаруваат на нивните мајки по трошка време од нивните животи, пред да згасне насмевката со која прв пат сме ја откриле нашата мајка, на самата врата на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
50. Блазе си им на љубените, и оние што љубат, и на оние што можат да се воздржат од љубов. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 231 okno.mk | Margina #32-33 [1996] 232 ЛАРИ РИВЕРС Margina #32-33 [1996] | okno.mk 233
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби поради неговата упорна индивидуалност, тој е веројатно не толку игнориран, колку занемарен од критичарите, кураторите и историчарите на коишто честопати им делува „болно еретично“, како што вели Peter Schjeldahl.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
49. Блазе си им на оние коишто во помнењето ги чуваат зборовите на Вергилиј или Христ, бидејќи тие ќе им подарат светлина на деновите нивни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Helen A.Harrison LARRY RIVERS Да бидеш игнориран е смрт, која само лудите и слепите можат да ја надминат - Larry Rivers, 1962 Како главна фигура во повоената американска уметност, Лери Риверс се разбира не е игнориран, но сепак не добива сериозно и издржано внимание од критиката и теоретичарите, кое во голема мера е насочено кон Апстракните експресионисти на генерацијата што му претходи, Поп артистите кои се негови современици и Концептуалистите и Минималистите што доаѓаат после него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)