им (зам.) - свика (гл.)

Панде почувствува дека се олабави нешто во чунот, налутено крена глава, сакаше да им свика и да им се скара на чунарите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Побргу, побргу... - нервно им свика на чунарите, гневно откинувајќи го погледот од куќата на Попставревци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но само што ги изговори првите зборови од песната, тој веднаш им се сврти на пејачките и, гласно, самоуверено, им свика, повторувајќи го со мака зборот: - Фаајрон, фаај...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Пуштај! – им свика тој луто и нестрпливо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој излезе, строго ги погледна војниците, им свика: - Што е? Што викате?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш војникот нестрпливо им свика: - Одврзувај!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Невидена несреќа, - им рече Шарко, но им свика веднаш да се скријат подалеку, бидејќи Волкот набргу ќе се врати. Зајачињата побегнаа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Курви... - им свика, но калуѓерот и отец Иларион го фатија за мишките и го свлечкаа кон ќелиите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Кај овците! - им свика на кучињата, мавајќи ги со грутки снег, па кога тие со подвиткани опашки, секако навредени од неразбирливата постапка на нивниот млад стопан, се спуштија кон плевната, Бојан ја затвори вратата од колибата и седна да прави вечера.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Брзо! - им свика Бојан разгранувајќи го влезот на шаторот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една приквечерина, додека го дишеа опојниот мирис на сеното, припиени еден до друг, некој мина крај кошарата и им свика: „Внимавајте, ќе го потпалите сеното...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Одете по ѓаволите!“: им свика офицерот на војниците и почна сам да јаде од она што го приготвуваше Полин.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Што да правиме?” „Рушете”, им свика тој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- им свика дедо на другарите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- А сега внимание! – им свика. - Овде го имав првиот бакнеж. Да, точно под дрвото.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Клетници, кој ве брка!?“ им свика на заровите и над пуловите како крило прпна неговата рака.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
На клисарот навистина му се смачи па им свика и на владиката и на сите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Откако утврди дека е млеко, им свика на другите козарчиња. – Тече козјо млеко од ридот! Млекооо од нашите кози!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овчарот, загрнат со сива гуна, истрча на патот и им свика на кучињата: - Ошт, бре! Верата ваша кучешка!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Сус сега! – им свика тој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се доискашла вриејќи од лутина што му се смеат и со оврлени очи им свика на децата: Што се клештите?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Страшниот човек ги допреплаши децата со тоа што, кога тие се свртија кон него, се принамршти и им свика: - Што правите тука, бре ќерата!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Оруш тргна на шишето, и кога брат му одново продолжи да му зборува, им свика на мајсторите да запрат, да си одат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Докторот Татули вели дека многу луѓе имаат ваква појава, на некои им се случува и дење, будни а да чекорат занесено, замислено, прават движења и работи кои не им доаѓа од свеста, туку така механички: гледаат, и не виѓаат, слушаат, а не сфаќаат, отсутни се - сѐ дур некој не им свика или не ги сниша за рака и не ги оттргне од таа занесеност...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Брат му Оруш пак пламна, го грабна шишето, се напи, му избувна нешто од него и им свика на мајсторите да запрат и да си одат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пак Оруш збесна, им свика на мајсторите да слезат од чатијата, да запрат; зеде неколку пакетчиња динамит што ги имаше за кршење камења за варницата, и почна да ги пали и да ги фрла во куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)